post

Имате ли стратегија за турболентни денови

Знам дека повеќемина сметаат дека прашањето не е важно се додека не пристигнат турболентни денови, но сепак никој нема да избега од тие денови доколку нема стратегија.

свесност на купувачи

Тогаш врескањето, барање на виновник во некој друг и барање брзи решенија нема да успеат.

Прочитајте ги следниве изјави:

  • Се беше супер, започнав одлично, брз и голем раст следуваа но еве по три години одеднаш се повеќе и повеќе се намалува продажбата.
  • Моите производи се иновативни, но не знам зошто купувачите не ги купуваат.
  • Ми треба брзо решение за да го запрам негативниот тренд на опаѓање на приходи.
  • Веќе морам да отпуштам вработени, оваа веќе не се издржува.
  • Доста беше, кога не оди не оди… Најдоброто решение е клуч на врата.

Што мислите? Дали ваквите изјави не се скоро секојдневни од некој претприемач или сопственик на еден мал бизнис.

Да не навлегувам детално во секоја од изјавата но еве накратко ќе кажам нешто за секоја од нив:

  • За првата изјава причината е недостаток на иновативни производи, едноставно се случува презаситување на пазарот.
  • Втората изјава покажува недостаток на иновации во нов бизнис модел и нови процеси во компанијата. Можеби цената е висока, можеби целниот пазар се променил, можеби дистрибутивните канали се промениле, можеби начинот на комуникација со купувачите бара еден сосема нов пристап… Можеби… Тоа се знаци кои кажуваат дека ви треба сосема нов бизнис модел, постоечкиот неможе да се носи со предизвиците на новото време.
  • Третата изјава доаѓа кога веќе се сфаќа дека треба нешто да се промени, но сепак промените не се онакви какви што ги очекува тој претприемач. Промени за имплементација на иновативни производи и услуги и сосема нов бизнис модел и процеси не се едноставни промени кои ќе дадат резултати од денес за утре.
  • Четвртата изјава се дава веќе кога трошоците драстично ги надминуваат приходите и првото нешто што доаѓа на ум е намалување на бројот на вработени. Иако стратегија за вакви времиња може да содржи и вакви чекори, сепак тие не се единственото решение како што можете да забележите од претходните изјави.
  • И петата изјава доаѓа во момент кога се наоѓате во едно ќоше и нема простор за свртување ниту лево ниту десно, ниту напред ниту назад. И оваа е една алтернатива како што се и отпуштањата, но сепак сметам дека отпуштања па затворање на вратите претставува едноставно нешто што го презентира претприемачот како некој кој не се бори доволно за да го спаси тој свој бизнис.

Значи, ви треба стратегија за турболентни денови, бидејќи тие не се нешто што се појавува по случаен избор. Постојат редица причини за појава на такви времиња, и знаете што поголемиот дел се кај вас и вашиот бизнис и може да се контролираат, но поради некои причи едноставно се игнорираат.

Но, мора да напоменам дека иако тука ја нарекувам стратегија за турболентни денови слободно може да кажам дека оваа стратегија е всушност вообичаена стратегија за идниот развој на вашата компанија. Зошто? Затоа што како што веќе кажав нема начин за брз спас кога ќе налетаат таквите денови. Постојано се работи во турболентни денови, можеби во моментов не ги чувствувате последиците, но мора да знаете дека кога веќе ќе ги почувствувате последиците тоа е знак дека имате се помалку опции на располагање за враќање на вистинската патека.

Следете не утре кога ќе опфатам и некои можни тактики кои таа стратегија може да ги содржи и кои ќе бидат основа на промените кои ќе треба да ги направите во вашата компанија.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*