post

Бизнис Разузнавање – Indicee Една Нова Алатка

Бизнис разузнавање или деловно разузнавање е една од моите омилени теми кога станува збор за бизнис и претприемачи. Дури и докторска дисертација подготвувам од оваа проблематика, а работев и како главен инспектор за разузнавање во нашата царина одреден период каде ги воспоставуваме темелите на разузнавањето.

Бизнис разузнавање – Дефиниции

Во Wikipedia бизнис разузнавањето се дефинира како:

…вештики, технологии, апликации и практики кои се користат за да се помогне на бизнисот да го разбере сопствениот комерцијален контекст. Исто така бизнис разузнавање може да претставува и собирање на самите информации.

Технологиите за бизнис разузнавање прикажуваат историски, тековни и предиктивни погледи на работењето на бизнисот…

Бизнис разузнавањето често пати има за цел да го поддржи донесувањето на одлуки во бизнисот.

Ако во Wikipedia е наведено вака ова не мора да значи и дека деловното разузнавање е единствено тоа што е наведено. Можете да забележите дека повеќе се однесува за технологија наместо за процес на деловното разузнавање. Но, за ова во некој друг напис на претприемач.

Наједноставно кажано разузнавање е кога имате еден куп на различни информации, ги обработувате и влечете заклучоци. Значи валкани информации стануваат основа за добри одлуки.

Целта на деловно разузнавање е да имате вистинска информација во вистинско време на вистинско место за да се донесе вистинкса одлука.

Indicee Како Алатка Која Може да им Помогне на Бизнисите

Заедно со Проф.Д-р Радмил Поленаковиќ од Машинскиот Факултет во Скопје, Директор на Бизнис Стартап Центарот извршивме едно истражување во однос на примена и користење на деловното разузнавање како процес во малите и средните претпријатија во Република Македонија.Еден од заклучоците од тоа истражување беше дека малите и средните претпријатија во Република Македонија користат некаков вид на процес на деловно рзузнавање во форма на MS Excell табели. Но, ова е и кај големите претпријатија и кај државните институции (оние бирократските).

Проблемот е кога имаме повеќе информации во една Excel табела (Excel овозможува 65536 реда на информации). Втор проблем е кога имаме повеќе Excel табели и треба да ги споиме во една. Третиот проблем е самата анализа која е ограничувачка (Pivot табелите се едно решение на анализа во Excel). За Pivot табелите веќе пишувавме во Што претставуваат Pivot табели и објавивме видео за изработка на Pivot табели.

Едно решение за овие проблеми е Indicee онлајн веб апликација која може сето ова да го заврши место Вас.

Првин погледнете го видеото за Indicee:

Што е Indicee?

На самата страна на Indicee е наведено следново:

Indicee им помага на просечните бизнис корисници да комбинираат податоци од скоро сите извори на податоци во едноставен податочен центар наречен Data Mart така да корисниците можат да поставуваат прашања, креираат различни репорти (извештаи) и споделуваат податоци…

Во само неколку минути Вашите податоци излегуваат во саканата форма така да можете да донесувате поумни и побрзи одлуки. Наједноставен онлајн софтвер за извештаи за кој не е потребно ИТ знаење. Тоа е деловно разузнавање.

Како што можете да забележите оваа онлајн алатка ќе ви помогне да ги анализирате и изготвите различните извештаи од Вашите податоци.

Процес во 3 Чекори

Како функционираа оваа веб апликација? Првин треба да се регистрирате за акаунт. Има 3 опции:

  • Free (бесплатна) – 10 МB простор
  • Solo – 100 MB простор + една лиценца за споделување – 69$/месец
  • Workgroup (Работна група) – 250 МB простор + 5 лиценци за споделување – 149$/месец.

За првите 30 дена ја добивата фул верзија на оваа алатка за потоа да изберете некоја од опциите кои ги наведовме погоре.

Процесот на користење е во 3 чекори:

  1. Закачување на податоци. Ги аплоадирате вашите податоци во форма на Excel, RPT фајлови или CSV фајлови. При ова аплоадирање енџинот на Indicee ве води низ процесот на креирање на податочен центар во кој ќе се чуваат сите Ваши информации. Подоцна можете да аплоадирате нови податоци кога сакате и во вид на неделни или пак месечни податоци.
  2. Креирање на извештаи. Креирањето на извештаите е толку едноставно да изгледа како поставување на прашања. Првин поставувате прашање Што да биде покажано во извештајот? Следното прашање е Како да ги покаже податоците? Ова се однесува на тоа како да бидат групирани истите на пример по производ, по продавач, по година, месец итн. Третата опција е филтрирање, односно податоците да бидат исфилтрирани по некој ентитет во истите. На пример, само за оваа година.
  3. Споделување на извештаи. Оваа опција во бесплатната верзија ја нема. Секој извештај може да биде споделен со јавна или пак приватна група на луѓе.

Во секој случај доста корисна алатка за малите бизниси, дури и бесплатната верзија е доволна да го подобри процесот на донесување на одлуки многукратно. Јас за еден од моите бизниси имам изработено во MS Access ваква можност, но во моментов се регистрирав за бесплатната верзија и ги испитувам можностите за префрлување на анализата преку оваа веб решение.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*