post

Иновација во 4 дополнителни процеси

Како претприемач вие мора да иновирате. Но, онаа што е забележително кај повеќе претприемачи е што тие иновацијата ја гледаат само во нивните производи и услуги. Тоа е погрешно размислување и мора да се смени колку што може побргу.

иновација

Да се има иновативни производи и услуги иако претставува важен сегмент од успехот на многу компании, сепак тие не се доволни за креирање на навистина еден препознатлив бизнис. Тие се само почеток на многу иновациски процеси кои ќе егзистираат на секојдневна основа во вашата компанија.

Па, сакате да креирате навистина иновативна компанија и веќе имате иновативни производи или услуги, но сега прашањето е како можете да ја поддржите иновацијата во сите останати важни сегменти на вашиот бизнис. Првата работа е секогаш да знаете каде ќе треба да иновирате, или кои процеси во вашата компанија ќе треба да бидат дел од вашата севкупна иновациска стратегија.

Да зборуваме малку за најважните процеси кои ќе бараат континуирана иновација во вашиот бизнис.

1. Иновација во процес на креирање на вредноста

Првиот процес е процесот на креирање на вредноста. Да, вие веќе имате иновативни производи и услуги кои креираат вредност за вашите купувачи и веќе имате иновациски план за тие производи и услуги во однос на идни иновациски циклуси. Но, тоа не е доволно. Зошто? Погледнете ги следниве прашања кои ќе објаснат различни ситуации кои нема да бидат толку розеви за вас и вашиот бизнис:

  • Што доколку ги испорачате тие ваши иновативни производи на пазарот подоцна од вашите конкуренти?
  • Што доколку цената за иновирање и подоцна производство на тие иновативни производи биде многу поголема од цената на конкурентите?
  • Што доколку купувачите ги променат нивните барања на кои вие веќе сте ја базирале иновацијата на производите и услугите?
  • Што доколку имате одлична иновација, но вашата компанија нема потенцијал да ги произведе и испорача на купувачите?

Оваа е само еден мал дел од сите можни „што ако” прашања кои ви објаснуваат што може да биде во иднина.

Како што веќе забележувате, ќе ви треба посистематски начин кога станува збор за иновација во процесот на креирање на вредноста и најдобриот начин за да започнете да градите еден таков систематски пристап е да знаете каде ќе треба да започнете и што е онаа што ќе треба да го мерите. Еве некои генерални правила кои ќе треба да ги следите:

  1. Процесот на креирање на вредноста мора да биде колку што може пократок со секој следен процес на иновација.
  2. Ќе мора да имате поефективен и поефикасен процес за креирање на вредноста.
  3. Процесот за креирање на вредноста мора да има оптимални трошоци.
  4. Процесот на креирање на вредноста мора да ги вклучи и купувачите во него.
  5. Процесот на креирање на вредноста мора да има подпроцеси и човечки ресурси со најголем потенцијал за да одговорат на потребите на самиот процес.

2. Иновација во процес на испорака на вредноста

Следниот важен процес кој треба да биде дел од вашата севкупна иновациска стратегија е процесот на испорака на вредноста. Овој процес ќе биде одговорен да ги испорача вашите иновативни производи и услуги до купувачите.

Можете да ги имате најиновативните производи и најиноватиовниот процес за креирање на вредноста, но доколку го немате најдобриот процес за испорака на вредноста кој ќе обезбеди дека вашите производи и услуги ќе бидат во рацете на вашите купувачи колку што може побрзо, не можете да кажете дека вашата иновација претставува успех.

Еден од проблемите кога станува збор за овој процес е дека во повеќето случаи ќе има содржано надворешни ентитети во него. Лесно можете да ја менаџирате иновацијата во вашите сопствени елементи од процесот, што пак не е случај со надворешните елементи како транспортери, компании за испорака, пошти… Сепак, оваа не значи дека сте ослободени од одговорноста да иновирате и да го подобрувате секој сегмент од овој процес.

Иновацијата во овој процес ќе има една и само една цел: да ја испорача вредноста навремено притоа креирајќи насмевка на лицето на купувачот.

Па, анализирајте го вашиот тековен процес и пронајдете можности за подобрување на времето на испораката и се онаа што ќе ги направи вашите купувачи посреќни кога ја примаат вредноста од вас.

3. Иновација во комуникациски процеси

Како трет процес за кој сметам дека е важен и треба да биде вклучен во вашата севкупна иновациска стратегија е комуникацискиот процес или процес кој ќе обезбеди ефективна комуникација од внатре кон надвор и во самата внатрешност на вашата компанија.

Да, можете да имате иновативни производи, најдобриот процес за креирање на вредноста, најдобриот процес за испорака на вредноста, но вашиот бизнис сеуште ќе страда да биде навистина иновативен бизнис доколку не може да обезбеди ефективна комуникација во внатрешноста и надворешноста на вашата компанија.

Процесот на комуникација е процес кој ги поддржува сите останати процеси во вашата компанија и еден од најголемите проблеми кој може да биде дел од овој процес е слаба комуникација помеѓу различни делови во вашата компаниа и помеѓу вашата компанија и надворешните чинители. Мора да бидете свесни дека исклучителна иновација во вашата компанија во голем дел ќе биде базирана токму на овие комуникации.

4. Иновација во маркетинг и продажни процеси

Маркетинг и продажба се уште едни процеси кои ќе бараат континуирана иновација доколку навистина сакате да креирате препознатлива и иновативна компанија.

Овие процеси ќе дефинираат како ќе ги комуницирате и продавате вашите иновативни производи на купувачите. Да, со маркетинг и продажните процеси вашата компанија ќе ги мери сите останати процеси кои веќе ги спомнавме тука и кои се дел од вашата севкупна иновациска стратегија. Како ќе стекнете, одржувате и зголемувате бројот на купувачите е важно прашање за вашата компанија и токму тоа прашање ќе биде одговорено преку овие процеси.

Повеќе претприемачи кога ќе им кажам дека треба да ги иновираат нивните маркетинг и продажни процеси ми го поставуваат следново прашање: Што можам да иновирам во овој процес кога се е веќе иновирано од некој друг? Но, оваа не е вистинско прашање. Кога зборуваме за маркетинг и продажни процеси постојат голем број на прашања кои ќе треба да се одговорат и кои ќе водат до можни идеи за подобрување и иновации. Еве некои од нив:

  • Како можам да стекнам повеќе купувачи во однос на онаа што сега го поседувам?
  • Како можам да ја зголемам стапката на задржување на купувачите?
  • Како моите маркетинг и продажни процеси можат подобро да го поддржат процесот на креирање на вредноста?
  • Како можам да им продавам повеќе на моите купувачи?
  • Како можам да ги направам попродуктивни моите маркетинг и продажни процеси?

Мислам дека овие прашања се доволни за да видите повеќе сосема нови можности за иновација во вашата компанија.

Па, сега е вашиот ред. Започнете со иновација.

Прашање: Дали имате нешто иновирано во последните месеци во овие процеси? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*