post

Интернет бизниси – Информациски производи 3

Како дел од серијалот за интернет бизниси на претприемач стигнавме до третиот дел од интернет бизнис за информациски производи. Претходно имавте можност да прочитате за основите на информациски производи во Интернет бизниси – информациски производи 1 и процесот на креација на информациски производ во Интернет бизниси – информациски производ 2.

Интернет бизниси - информациски производи

Во овој трет дел концентрацијата ќе бидне на технологијата која ќе ни е потребна за имплементација на овој тип на интернет бизнисот.

1. Аутореспондер

За аутореспондерот во неколку наврати на претприемач пишувавме. Во бизнис поимникот за аутореспондер напишав:

Аутореспондер или во буквален превод автоматски одговарач претставува компјутерски програм кој се користи автоматски да одговара на e-mail-ови пратени на него. Големо користење најдоа во интернет маркетингот или поточно е-маил маркетингот за праќање на меилови до потенцијални потрошувачи.

Едноставно кажано аутореспондерот може да се искористи на повеќе начини во бизнис со информациски производи. Еве неколку можности како пример:

  • Промоција на Вашиот информациски производ.
  • Испорака на Вашиот информациски производ.
  • Додавање на дополнителна вредност на основниот информациски производ.
  • Градење на листа за Вашиот следен производ.

Аутореспондерот е нешто што мора да го имате.

Постојат бесплатни начини за користење на аутореспондер во вид на скрипта која ја инсталирате на Вашиот веб сервер и го подесувате. Главниот недостаток на овој начин е што повеќето од Вашите mail-ови ќе бидат класифицирани како spam и голема е веројатноста дека нема да стигнат до посакуваната дестинација. Затоа постојат специјализирани компании кои ја нудат оваа услуга која во зависност од големината на листата цената е 20$ месечно. Како едни од најреномирани аутореспондери во светски рамки се Aweber и Getresponse кои сите професионалци од област на интернет бизниси ги препорачуваат.

2. Алатки за изработка на производот

Adobe Acrobat Professional е на прво место за изработка е-книга како информациски производ. Можностите се навистина огромни на оваа алатка, но од друга страна навистина е скап и изнесува околу 450$.

Како втора опција може да се користи MS Word за изработка на е-книгата и со разни додатоци во вид на export in pdf (побарајте на Google) и ќе дојдете до повеќе бесплатни алатки. Оваа опција има недостатоци што одредени елементи од MS Word нема да можат да се префрлат во pdf форма.

Една од најдобрите опции и нормално најевтина (бесплатна) е користење на Open Office за изработка на е-книгата. Во Open Office постои интегрирана опција за export in pdf при што ексортираниот документ ќебиде со сите нишани.

За изработка на видео, односно видео во вид на Screen Capture најоптимална алатка е CamStudio, кое има бесплатна верзија. Од друга страна професионалната верзија не е скапа (изнесува околу 30$).

Кога станува збор за аудио материјал стандард за испорака претставува mp3 формат. За манипулација со аудио материјалите како информациски производ можете да го користите софтверот наречен Audacity кој е бесплатен аудио едитор и рекордер.

3. Хардвер

Кога станува збор за хардверските алатки кои ќе ви бидат потребни би ги издвоил веб камера и микрофон. Во зависност колку пари сакате да потрошите таков ќе биде и квалитетот на информациските производи. Не трошете пари на оние евтини микрофони бидејќи јас купив 10-тина и квалитетот е за никаде. Имате опција и да набавите поквалитетна камера со ознака Pro во која ќе биде интегриран и поквалитетен микрофон.

4. Систем за наплата

Најдобриот систем за наплата при продажба на информациски производи е Click Bank кој е специјализиран само за овие производи. Потребно е да отворите акаунт со еднократно плаќање од 50-тина долари и потоа системот ви наплаќа процент од продажба. Недостаток е што производот мора да биде на еден од јазиците кои ги подржува ClickBank. Ова значи дека доколку сакате да продавате производ на македонски јазик нема да можете да го користите.

Добар систем за наплата е PayPal кој за жал ние од Македониај сеуште не можеме да го користиме.

Втората опција која Ви стои на располагање е Casys. Ова е македонски онлајн процесор на кредитни картички. Недостаток е што целиот процес на интеграција на Вашиот производ со нивниот систем останува на Вас. Па ќе имате потреба и од програмерски вештини.

Ова се основните алатки кои ќе ви бидат потребни. Во зависност од типот на информацискиот производ ќе зависат и алатките кои ќе ги користите.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*