post

Како алтернативите влијаат на вас како претприемач?

Како еден претприемач сигурно повеќе пати сте се соочиле со различни алтернативи од кои треба да изберете една.

Исто како кога се наоѓате на пат и имате неколку можни рути за да стигнете до дестинација (најквалитетна, најбрза или најкратка), така и во бизнисот ќе имате повеќе насоки кои можете да ги изберете.

Но, проблемот со алтернативите не е само во вашиот избор. едно е тоа што вие можете да го изберете преку донесување на соодветна одлука за избор, но друго е тоа што и другите стејкхолдери имаат повеќе алтернативи, а една од тие сте вие и вашиот бизнис. Кога зборувам за стејкхолдери првенствено мислам на вашите купувачи, вработени и партнери.

Еве некои логични размислувања кога станува збор за алтернативите за вас и вашата непосредна околина во деловниот свет.

  1. Мора да бидете свесни дека ќе имате повеќе алтернативи. Никогаш нема да се случи да имате само една алтернатива за избор. Секогаш постоеле, постојат и ќе постојат повеќе алтернативи. Доколку е само една значи дека не сте вложиле доволно напори за да дојдете до различни алтернативи за различни решенија за вашиот бизнис.
  2. Мора да ги знаете вашите алтернативи. Да, едноставно мора сите ваши напори да ги насочите за добро да знаете какви се алтернативи имате. Доколку сакате вашиот избор да биде вистинскиот, односно најдобриот мора да ги знаете сите алтернативи што ви стојат на располагање. Доколку испуштите некоја, веројатноста дека ќе ја изберете најдобрата се намалува.
  3. Мора да бидете доволно паметни кога избирата една од алтернативите. Кога станува збор за бизнис интуицијата не е доволна, се бара аналитичност и процес на донесување на одлуки кој ќе обезбеди дека грешките ќе се држат на најниско можно ниво.
  4. Вашите купувачи имаат повеќе алтернативи, а една од тие е и вашиот бизнис. Точно така, никогаш не сте единствената алтернатива, можеби сте најдобрата, можеби се разликувате од конкурентите, но сепак за еден проблем, или една потреба секогаш постоеле, постојат и ќе постојат повеќе алтернативи.
  5. Мора јасно да им докажете на вашите купувачи зошто вие сте најдобрата алтернатива за нив. И да сте навистина најдобриот избор за вашите купувачи, сепак доколку тие тоа не го препознаат лесно, нема да успеете во вашите намери токму вашиот бизнис да биде нивниот избор.
  6. Вашите вработени имаат повеќе алтернативи, а едната од тие алтернативи е вашиот бизнис. Иако сега за сега работат за вашиот бизнис, сепак не значи дека вие сте единствената нивна шанса и дека ќе останат засекогаш со вас. Тие, а особено оние најдобрите секогаш ќе имаат повеќе шанси освен вашата.
  7. Мора јасно да им покажете на вашите вработени зошто вие сте најдоброто решение за нив. Ако сакате да успеете во градење на стабилен бизнис, мора вашите вработени да бидат свесни дека вие сте одлично решение за нив. Само на таков начин нема да дозволите да размислуваат за останатите алтернативи кои ги имаат.
  8. Вашите партнери имаат повеќе можности, а едната од тие е вашиот бизнис. Во деловниот свет не важи правилото еднаш партнер засекогаш партнер. Секоја страна се обидува да најде подобри услови за себе и доколку партнерството со вашите конкуренти претставува опција за вашите партнери, тие се оние кои на крајот избираат.
  9. Мора јасно да им покажете на вашите партнери зошто вие сте најдобрата опција за нив. вашите партнери мора да бидат свесни дека вие и вашиот бизнис сте најдоброто можно партнерство за нив. Тоа значи дека јасно и недвосмислено треба да знаат дека партнерството со вас е win-win стратегија.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*