post

Како да одлучувате без двоумење

Сте се нашле ли во позиција кога треба да донесете одлука, но нешто ви кажува дека не ја правите вистинската работа? Тоа нешто ве двоуми околу одлуките кои треба да ги донесете.

Во една таква состојба, кога едноставно не верувате на вашите сопствени одлуки, или едноставно донесувате одлука со двоумење ќе се најдете во позиција да одлучите, но нема да ги имплементирате вашите одлуки, или едноставно ќе ги одложите.

Мора да верувате во вашите одлуки доколку сакате да ги имплементирате одлуките кои што сте ги донеле. Не смеете да дозволите вашите бизнис одлуки да се потпрат на вашето лично двоумење. Тоа е опасно за вашата компанија.

Како можете да креирате самодоверба кога треба да донесете вистински одлуки?

Да се обидеме да го одговориме прашањето преку неколку совети.

  1. Постојано учете и зголемувајте го сопственото знаење. Доколку сакате да имате поголема самодоверба кога носите одлуки мора да станете личност која постојано учи и постојано го зголемува сопственото знаење. Вашата лична моќ лежи во способноста да започнете да учите за важни работи околу вашиот бизнис. Читајте книги, блогови, весници… Друг начин за учење е секогаш да се запрашувате едно едноставно но многу важно прашање: зошто се случи тоа? Одговорот ќе навлезе длабоко во причините на последиците од вашите сопствени акции. Овој вид на учење е искуствено учење.
  2. Бидете информиран претприемач. Како еден претприемач ќе имате потреба од различни информации за различни работи околу вас. Мора да верувате во сопствените одлуки доколку сакате да ги имплементирате одлуките кои што сте ги донеле. Мора да бидете информирани, што ќе значи дека ги знаете бројките, користите неделни извештаи, ги анализирате бројките… Никогаш не знаете кога ќе треба да донесете одлука за нешто во вашиот бизнис. Но, доколку ги знаете бројките и знаете се за вашиот бизнис, лесно ќе донесете одлука без разлика каде се наоѓате или каков вид на одлука треба да донесете.
  3. Доколку имате план, и се е имплементирано согласно тој план вашите одлуки ќе бидат поедноставни. Доколку ги планирате вашите деловни активности, секоја идна одлука ќе биде полесна бидејќи веќе ќе биде испланирана и анализирана, што значи дека вие веќе сте подготвен за неа. Но, понекогаш плановите може да ја промашат реалноста и да ви донесат проблеми. Како и да е, доколку планирате во пократки интервали ќе бидете поблиску до иднината, и ќе можете да ги базирате вашите одлуки на тие планови.
  4. Изградете солиден тим околу вас. Многу е полесно доколку можете да се потпрете на некого. Доколку имате навистина силен тим околу вас, секогаш можете да добиете помош од нив кога ќе се најдете себеси во ситуација да се двоумите за нешто.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*