post

Како да се осигурате дека ги имате вистинските цени

Тука на претприемач повеќепати имаме пишувано за цени, нивното поставување, дилеми кои што ги има претприемачот во однос на цените…

Сепак цените имаат голема улога во секој бизнис. Но, исто така може да претставуваат и основа за многу грешки.

Дали сте сигурни дека ги имате вистинските цени?

Оваа прашање постојано поминува низ мозокот на еден претприемач, особено во моментите кога ќе се забележат првите знаци на намалување на продажбата, кога ќе се случи одбивање на купување од страна на купувачите, кога ќе се забележат помали цени од некои конкуренти…

Но, дали се тие вистинските знаци дека треба да се преземат некои мерки?

Секако дека одговорот е не.

На пример, намалување на продажбата може да биде и заради поинаква причина, без цената да е во таа причина. Можеби има нов производ со поголема вредност, можеби се појавила поиновативна компанија на пазарот која започнува да зема дел од колачот, може да биде слабиот маркетинг, продажен тим кој не е на ниво на задачите…

Одбивање на купување од страна на купувачот може да не биде цената. На пример, купувачот одбива да купи доколку смета дека производот не му треба, дека нема да му ги реши проблемите, доколку не е сигурен за она што ќе го добие…

Цените на конкуренцијата не смеат да бидат основа за компарирање и утврдување на вашите цени. Помала цена може да перцепира и помала вредност. Не брзајте со одлуката.

Па што треба да направите за да бидете сигурни дека ги имате вистинските цени?

Еве некои идеи кои би можеле да ги искористите:

  • Бидете сигурни за вредноста што ја нудите.
  • Пред да започнете да дискутирате за цената проценете ја вредноста на понудата.
  • Добро утврдете ја вашата понуда и вредноста на истата.
  • Разговарајте со купувачите, за тоа што тие го сакаат, што вреднуваат и како вашата понуда им помага во нивниот живот.
  • Фокусирајте се на резултатите од вашите напори.
  • Бидете сигурни дека не губите со одлуките кои ги носите во однос на цените.
  • Цените се под влијание на многу повеќе фактори отколку што можете да замислите. Добро истражете ги сите тие фактори и опции кои ги имате.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*