post

Како да се преживее првата година

Многу работи стануваат јасни уште во првите неколку месеци на еден стартап. Но, сепак прашањето како да се преживее првата година е доста актуелно прашање.

да се преживее првата година

Не дека тоа значи дека по првата година е постигнат огромен успех и веќе не треба да се работи, но преживување на првата година значи дека е постигнат моментумот за следните големи нешта во однос на вашиот бизнис.

Иако првите три до четири месеци се важни бидејќи се прави нешто од ништо, односно работите на производот, на дизајн на купувачи и пазарот при што ќе дојдете до одговорот дали да одите понатаму или не, сепак следните 7-8 месеци ќе бидат месеци на промени, редизајни, поставување и редизајнирање на системи… Тие седум до осум месеци ќе покажат дали од вашата работа ќе излезе вистинска компанија.

Сега, како да се преживее таа фамозна прва година?

Таа година бара пари, време и човечки ресурси. Иако не во износ како што ќе биде следниот период сепак ќе бидат потребни тие ресурси во износ во кој еден потенцијален или стартап претприемач не ги поседува. Тоа е факт.

Сепак, вашата цел е да го постигнете моментумот. Значи прашањето слободно може да се измени и да гласи како да го постигнам моментумот во мојот стартап?

1. Вие како еден претприемач

Знаете дека често пати зборувам за бизнис потенцијална енергија, и морам да започнам со неа и тука бидејќи едноставно секој стартап, односно подоцна бизнис и компанија започнува со еден и единствен (но и најважен во тој момент) ресурс, а тоа е претприемачот.

Секој има соодветна бизнис потенцијална енергија, но прашањето е во колкав износ е таа енергија бидејќи поголем износ значи и поголема шанса за успех. Во епизодата 20 на подкастот „претприемачки пат” насловена како „зошто скоро сите имаат погрешно сфаќање за бизнисот” зборувам малку подетално за бизнис потенцијална енергија но и за значењето на тоа што треба да бидете вие (претприемач, вработен или „занаетчија”).

Важно е да бидете претприемач, а тоа подразбира да имате развиено претприемачки вештини, да имате доволно знаење за да бидете претприемач и да знаете кои треба да бидат вашите следни чекори откако ќе станете претприемач и како тоа знаење и вештини ќе се менуваат во тие фази.

2. Пронаоѓање на можност која навистина ветува

Следниот елемент, но може да се каже и фаза на развојот на вашиот стартап е можноста.

Сигурно знаете и нема потреба да навлегувам во објаснување на тоа дека од откриената можност произлегува самата бизнис идеја и во еден таков случај имаме ситуација во која зголемен износ на бизнис потенцијална енергија во можноста води до зголеме износ на бизнис потенцијална енергија во самата бизнис идеја.

Оваа значи дека доколку не обезбедите повеќе од 95% сигурност дека вашата штотуку откриена можност ветува добра иднина, слободно не преминувајте на развојот на самата идеја. Зошто? Затоа што како што веќе зборував во претходно наведениот подкаст бизнис потенцијалната енергија се губи при пренос од еден во друг ентитет (во овој случај од можноста во идејата), па така ако на пример имате 80% бизнис потенцијална енергија од оптималната потреба која ветува успех при самиот трансфер бизнис идејата ќе биде со само 60% од потребната потенцијална енергија за да обезбеди успех.

3. Дизајн на производ и/или услуга преточени во понуда

Значи комбинација на енергијата во вас како еден претприемач, како и можноста која што ќе ја откриете и бизнис идејата која произлегува ви дава одреден потенцијал за да продолжите понатаму. А, тоа е дизајн на производ или услуга кои компанијата која што сакате да ја формирате ќе ја продава некому.

До оваа фаза и немавте некои големи трошоци, освен вашето време кое го вложувате во сопствена бизнис потенцијална енергија и откривање на можноста и развој на самата бизнис идеја со одреден потенцијал, односно бизнис потенцијална енергија која може да гарантира успех. Но, во оваа фаза веќе се потребни и пари што зависи од тоа каков производ или услуга ќе дизајнирате. Сепак треба да имате нешто опипливо.

Во нормални и традиционални услови тоа е така. Но, оние поитрите претприемачи ќе дизајнираат прототип и ќе се фокусираат на понуда, односно подобро кажано понуда која не се одбива се со цел да започнете со следната фаза која ќе биде основен тест за вашата идна компанија.

А следната фаза е…

4. Дизајнирање на системи кои ќе донесат кеш

Е, оваа фаза често пати се скокнува и затоа се случуваат големи неуспеси и покрај тоа што претходните фази се со значителна бизнис потенцијална енергија завршени и стигнато дотука со нешто кое што ветува.

Зошто? Затоа што сега веќе се потребни вистински пари кои мора да се најдат за да се продолжи. А, еден од начините е да обезбедите дека онаа што сте го направиле дотука навистина дава резултати е преку креирање и поставување во соодветна функционалност на маркетинг и продажните системи.

Оваа фаза не значи дека вие веќе имате солидно развиен производствен систем, но оваа фаза значи дека вие веќе започнувате да имате нарачки врз основа на вашата одлична понуда која што не се одбива кои бараат процесирање преку производствениот систем (зборувам воопшто за производствен систем а тоа е оној кој креира вредност и не мора да значи дека овој систем е само збир на луѓе и машини) кој ќе започне да прави трошоци. И многу е важно нивото на производство да се доведе до онаа кое обезбедува профитабилно работење на самиот стартап што значи стигнување на точката на рентабилност со цел да не ги потрошите и така тенките финансиски ресурси со кои располагате.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*