post

Како да си обезбедите навистина продуктивен ден?

Сите сакаме да бидеме попродуктивни, но колку и да ни се чини едноставно постигнување на оваа цел, сепак не така во пракса. И најдобро испланираниот ден лесно може да се претвори во најнепродуктивен ден.

Колку пати ви се случило да го завршите денот крајно непродуктивно, но сепак со мисла дека утре ќе биде нешто сосема друго. Но, повторно неуспех и така ден за ден. Мене ми се случувало.

Ќе се обидам во овој наслов да презентирам некои тактики кои ги имам тестирано, како на самиот себеси, така и при работа со клиенти и за кои сум сигурен дека даваат резултати.

  1. Секогаш планирајте го следниот ден. Иако можеби имате долгорочен план кој сте го подготвиле пред неколку месеци или пак година, сепак за секој следен ден отворете го тој план и испланирајте го денот кој следува. Според моето лично искуство, една од најдобрите стратегии е добра подготовка за следниот ден и тоа ден пред да настапи тој ден за кој се подготвувате. На ваков начин, и доколку се случи вашиот ден да биде “хакиран” како што сакам да го нарекувам процесот на влегување на други активности во вашите испланирани, сепак постојано ќе се обидувате да најдете начини да си го подобрувате вашиот сопствен систем.
  2. Користете “да направам” листа со врвните три до пет приоритети. Не повеќе, но доколку потребата е таква, можете да имате и еден или два приоритети. Многу е подобро уште пред да станете наутро, да знаете што ви е најприоритетно за деното кој што следува, односно започнува за вас. Овие приоритети се нешто што во никој случај не смеете да дозволите да ви бидат попречени во сработувањето и точка.
  3. Обезбедете првите неколку часови од вашиот работен ден да бидат со целосен фокус на тие приоритети. Едноставно можете да распоредите неколку часови на почетокот на работниот ден да бидете целосно изолирани и да работите на тие приоритети за тој работен ден. На ваков начин ќе се заштитите и себеси, но и ќе обезбедите работата да врви на најпродуктивен можен начин за вас како еден претприемач. Во тие неколку часови нема кафе паузи, нема прием на странки, на колеги, телефонски јавувања, социјални медиуми… Едноставно работите на завршување на приоритетите.
  4. Обезбедете дека вашата работна околина го обезбедува само онаа најпотребното за завршување на вашата најприоритетна работа. Секако, освен прекинувања и останати можни пореметувања на вашиот работен процес, понекогаш самата работна околина може да биде доста непродуктивно место доколку не е подесена онака за да ви обезбеди наједноставно и најоптимално завршување на работните активности. На пример, доколку компјутерот ви е подесен кога го стартувате да отвора програми и кои не се дел од приоритетната работа лесно можете да забегате на нешто непродуктивно и неприоритетно.
  5. Секогаш има простор за подобрување. И секако како последна тактика е секогаш да се обидувате да си го подобрувате системот во кој функционирате. Едноставно тестирајте. Секогаш можете да откриете нови можности за подобрување.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*