post

Како да заштедите 10 часа и повеќе од една работна недела?

Сигурно веќе сте свесни за тоа како вие се движите, но и како околината во која функционирате вие и вашиот бизнис се менува и се движи околу вас. Животот станува се побрз околу вас, особено ако сте претприемач. Времето едноставно ви станува претесно, имате премногу задачи кои треба да ги спроведете и тоа секојдневно.

Иако секојдневно користиме технологија за да ни помогне во завршувањето на секојдневните обврски, сепак тој развој на таа технологија со брзина која тешко може да се следи и со можностите за изведување на нашата работа кои ни ги овозможува предизвикува појава на една хаотична околина во која треба да се навикнеме да функционираме.

Што мислите да имате 10 часа неделно повеќе за онаа што ви е важно? Што мислите да потрошите 5 часа повеќе на семејството, 2 часа повеќе на вашето здравје, 2 часа повеќе на личниот развој? Нели тоа би било супер?

1. Планирајте го денот однапред

Планирајте го денот однапред

За да успеете да завршите се што треба да завршите со висок квалитет на завршена работа, но и со време кое е оптимално за завршување на таа работа мора да користите дневни планови на вашите активности, односно дневна “да направам” листа.

Во видео презентација на премиум претприемач зборуваме за основните принципи на ефикасно менаџирање и подготовка на еден таков план

2. Ограничете го времето кое го поминувате онлајн

Ограничете го времето кое го поминувате онлајн

Интернетот и особено социјалните медиуми едноставно имаат потенцијал да го “вшмукаат” вашето време и кога ќе се освестите по неколку часа ќе сфатите дека половина ден ви поминал, а не сте сработиле ништо од онаа што сте го планирале.

Во видео презентација на премиум претприемач се фокусираме на некои принципи кои можете да ги примените, практични совети да бидете присутни на социјални медиуми, да консумирате материјал од интернет но, на еден поорганизиран и посистематски начин. Презентираме и неколку алатки кои ќе ви помогнат во овој процес.

3. Ефикасно менаџирајте го процесирањето на email

Ефикасно менаџирање на процесирање на email

Процесирање на email стана една од најчестите задачи за вас како претприемач. Кога ќе направите анализа која во видео презентација на премиум претприемач ќе ви покажам како може да се направи ќе забележите дека можете на неделно ниво да заштедите неколку часа кога станува збор за овие активности.

Во истата презентација презентирам еден процес за менаџирање на email активности но и практични совети и алатки кои ќе ви помогнат во тој процес.

4. Користете email темплејти

Користење на email темплејти

Четвртото подрачје исто така е поврзано со email но посебно на подготовка на одговори. Во видео презентација на премиум претприемач покажувама неколку алатки и неколку видови на email темплејти кои ги користам за да обезбедам околу 150 минути заштеда на време неделно. Сето оваа можете да го видите практично директно преку мојот email клиент во оваа видео презентација.

5. Анализирајте се што работите и отфрлете ги задачите кои не додаваат вредност

Анализа на задачи

Петото подрачје се однесува на подобрувања преку примена на вежба и анализа на вашата работа со што најмалку 60% од активности кои досега ги изведувате веќе нема да ги изведувате, а сепак вашиот бизнис нема да трпи.

Мојата досегашна анализа како на себеси така и при работа со клиенти покажува дека 80% од времето кое го трошиме на бизнис активности не е нешто што мораме ние како претприемачи да го изведуваме.

6. Имплементирајте контекст на вашите задачи

Контекст на задачи

И шестото подрачје кое ќе ви помогне да бидете поорганизиран претприемач и да ги завршувате задачите побргу. Оваа ќе го постигнете  доколку користите контекст кој ќе го додадете на вашите секојдневни задачи.

Контекстот е дел од GTD системот за продуктивност и преетставува едно од најважните елементи за дизајн на навистина попродуктивен систем за вас како еден претприемач.

За целата презентација која е повеќе од 2 часа и 30 минути со интегрирани скринкастови за практична примена на системот кој го опишав тука можете да обезбедите пристап по субвенционирана цена за првата недела тука. Или пак доколку сте премиум член на премиум претприемач имате бесплатен пристап.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*