post

Како оваа година да биде поразлична?

Би ја започнал и оваа нова 2013 година со концептот што го започнав на крајот на 2011 и првата четвртина на 2012 година, пред на светско ниво да се зборува за истиот тој концепт.

Всушност, мојот концепт кој го нареков како теорија на бизнис идеи беше за првпат тука споменат уште во 2009 година кога пишував за трите чекори при развој на една бизнис идеја:

Основната идеја на овие наслови од веќе далечната 2009 година е дека секоја бизнис идеја треба перфектно да се смести во сите овие подрачја за да гарантира успех во започнување на бизнисот. Тогаш, а во повеќе случаи и денес бизнис идејата ја мериме преку бизнис потенцијална енергија, енергија која е складирана во бизнисот и има потенцијал да донесе успех на истиот.

Во 2011 и 2012 година теоријата, подоцна пренесена во многу практични компании исфрли еден сосема нов термин наречен лин стартап.

Терминот не е нов, особено за индустриските инженери бидејќи своите корени ги влече од Toyota Production System. Целата филозофија се врти околу ефективноста и ефикасноста на производствениот систем.

Ефективност и ефикасност значи:

  • Производствениот систем да ги прави правите работи – да биде ефективен
  • Производствениот систем кога веќе ги прави правите работи да ги прави на прав начин.

Лин филозофијата во голем дел се фокусира во разбирањето дека сите бизниси работат со голем износ на расфрлања и затоа во лин бизнис се обидувате да ги минимизирате тие расфрлања кои што воопшто не се потребни и со тоа да бидете поефикасен и поефективен.

Сето оваа пренесено во лин стартап изгледа вака:

  • Стартапот да ги прави правите работи – да биде ефективен
  • Стартапот кога веќе ги прави правите работи да ги прави на прав начин.

Следното прашање е што прави еден стартап?

Ајде да нафрламе некои активности (запомнете дека тие не се конечни, различни бизниси ќе се однесуваат различно):

  • Развива бизнис идеја на која ќе се базира компанијата.
  • Бара купувачи.
  • Развива начини да пристигне до тие купувачи.
  • Се обидува да продава производ или услуга која е резултат на таа бизнис идеја.
  • Менува стратегии и тактики со цел да го оптимизира бизнисот.
  • Го прилагодува производот или услугата согласно купувачите?

Денес во сите тие процеси во еден стартап се прават обиди да се намалат рафрлувањата за да се постигне колку што може пооптимален стартап процес во исто време намалувајќи ги ризиците од неуспех и големи пропаѓања. Доволно е да погледнете успешни стартапи од минатите 20 години и ќезабележите што се случува.

На пример, Google не започнал со монетизација на нивниот производ онака како што тоа го прави денес. Ebay воопшто не започна со бизнисот кој денес го има.

Тоа значи дека бизнисите се наоѓаат во процес на итератизација на нивниот пат кон успехот. Но, тоа значи и дека основната бизнис идеја е многу малку вредна или пак воопшто не е вредна. Таа е само една стартна точка.

Но, оваа ни кажува уште нешто, а тоа е дека процесот (оваа повеќе пати сум го кажал тука) бизнис идеја – бизнис план – успешен бизнис веќе не функционира или пак можеби и никогаш не функционирал.

Зошто велам можеби никогаш не функционирал?

Затоа што доколку ја земеме статистиката како еден показател и дека 90% од започнати нови бизниси се неуспешни бизниси, а поголемиот дел тргнале на ваков начин (но некои и без делот бизнис план во процесот) заклучуваме дека нешто не е во ред.

Мораме да промениме нешто, а тоа нешто во голем дел ќе биде во процесот на планирање.

Прашањето на кое ќе треба да одговориме оваа година е следново:

Како да успеете со најмалку расфрлања и вложен напор да започнете од една бизнис идеја трансформирана во бизнис план А, да преминете во план Б, В, Г, Д или пак Ш со што ќе имате најмалку можни трошоци и загубено време?

Но, не се замарајте. Ќе го одговориме прашањето и тоа прецизно преку целосно воспоставен модел на имплементација.

Уште овој месец во Премиум претприемач ќе го активираме лин стартап модулот како дел од Премиум претприемач 2.0 каде ќе биде презентиран и опишан секој чекор кој ќе треба да го преземете, а има повеќе од стотици чекори. Таму ќе бидат сите алатки за реализација на целиот процес, но и сите прашања кои ќе треба да ги поставите и на кои ќе треба да барате одговор. Но, и можност за директна комуникација помеѓу учесниците процесот со што ќе се обезбеди различно искуство, различни идеи и секако нови потенцијални купувачи.

Сигурно ќе ја направиме оваа година поразлична.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*