post

Како постојано да генерирате бизнис идеи

Дали сметате дека е доволно да имате една бизнис идеја и да започнете бизнис?

Можеби понекогаш е доволна само една идеја, но сепак ќе ви биде намален проторот во кој можете да “маневрирате” како еден претприемач.

Дали сметате дека кога го поминавте стартап периодот веќе не ви се потребни идеи?

Секој бизнис во одредена фаза ќе дојде до својата максимална точка на раст со што ќе се сведат на минимум идните можности. Поради тоа се потребни и нови свежи идеи.

Единствено нешто што никогаш во бизнисите не е доста претставуваат бизнис идеите. секогаш има простор за нова идеја.

Прашањето со кое повеќето претприемачи се соочуваат е од каде да се генерираат потребните идеи, за базенот со идеи секогаш да биде доволно полн за нормално функционирање на бизнисот и обезбедување на подолгорочен раст и развој на истиот.

Еве некои совети кои можете да ги искористите за оваа намена.

1. Интегрирајте бреинсторминг правила во вашиот организациски систем

Најлесно нешто е да интегрирате бреинсторминг сесии во вашиот организациски систем на сите нивоа. На ваков начин тие постојано ќе се движат низ вашата организација.

2. Изградете и имплементирајте системи за следење на работите во и околу вашиот бизнис

Следете се што се случува во и надвор од бизнисот. Информациите од она што ќе го видите и слушнете ќе ве доведат до многу корисни идеи.

3. Бележете ги секојдневните интеракции во вашиот бизнис

Секојдневно вие и вашиот тим имате голем број на интеракции во вашиот бизнис и надвор од вашиот бизнис. Бележете ги таквите интеракции, тие се добра основа за многу идеи.

4. Разговарајте со купувачите

Купувачите се оние кои се последни во одлука дали нешто е добро или лошо. Затоа искористете ги порано во фазата на идеизација во вашиот бизнис.

5. Постојано тестирајте со нови идеи

Секоја идеја која ќе се тестира ќе доведе до нови идеи или подобрувања на самата основна идеја.

Тестирајте, тестирањето ќе ве доведе до многу нови идеи.

6. Експериментирајте

Вашиот бизнис претставува резултат на серија на експерименти кои вие како претприемач ги спроведувате. Колку побргу го сфатите тоа толку подобро и за вас и за бизнисот воопшто.

Makers: The New Industrial Revolution

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*