aside

Широк објектив – Нова стратегија за иновација

Wide Lens - Нова стратегија за иновација Широк објектив – Нова стратегија за иновација од Ron Adner

Последните дваесет години се години во кои можевме да забележиме дека процесот, начинот и чинителите на иновацијата драстично се променети. Единките не успеваат. Успеваат само иновациите кои ќе успеат да ги интегрираат сите лица кои се важни за да успее самата иновација. Исто како и алките на синџирот, така и во процесот на иновација доколку една алка не постои или е слаба, процесот нема да успее.

Зошто имаме примери каде големите компании со огромен капацитет за иновација не успеваат? Sony имаше невиден успех со вокмен, но mp3 плеерот не беше продолжеток на еден таков успех. Автомобили на електричен погон дури сега наоѓаат соодветен екосистем кој може да гарантира успех на иновација како еден производ која не е од денес ниту од вчера, туку многу порано. Но, екосистемот дури сега се развива и можеме да кажеме дека постои голема веројатност во следните години да видиме многу големи промени на една цела индустрија.

Книгата Wide Lens од Ron Adner претставува одлична книга во која е обработена една методологија и процес со кој ќе го промените начинот на кој гледате на иновација. Таа нова методологија вклучува развој на комплетен екосистем кој ќе опфати многу чинители на патот од идеја до самата реализација на иновацијата за да се гарантира успехот на истата. Од развивачи, дистрибутери, продавачи па се до купувачи преку развиената методологија авторот обезбедува еден процес во кој ќе ги размислите и ќе ги опфатите сите фактори кои ќе имаат потенцијал негативно и позитивно да влијаат на прифаќање на самата иновација.

Ја препорачувам оваа книга на сите сегашни и идни претприемачи особено поради фактот што може многу да се научи и да им помогне да се подготват многу подобро за иднината и онаа што ќе ги очекува на пазарот доколку навистина сакаат да го променат светот во кој што живееме и кој што го знаеме денес.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*