Започнување на бизнис и водење на успешен бизнис не е лесна задача.
Зошто велам и започнување на бизнисот?
Затоа што фазата на започнување ќе има огромна улога во подоцнежните фази. Во фазата започнување со поставаат основните нацрти, основните темели на кои ќе се потпира бизнисот во иднина.
Но, не значи дека тие темели нема да се зајакнат, нема да се зацврстат или пак променат на подобро.
Едно нешто е сигурно, а тоа е дека кога ќе излезете од фазата започнување вие како еден претприемач ќе реба да ги смените во целост вашите улоги што ги имате во бизнисот.
Улогите на еден претприемач во започнување и раст на бизнисот се сосема различни. Во фазата на започнување едноставно не се знае кој кого води. Бизнисот се уште не е оној вистински бизнис. Одлуките се носат, онака од нога, без размислување, без преголеми проценки. Се слуша само еден ентитет од надворешноста на бизнисот, а тоа е купувачот.
Но, кога бизнисот започнува да расте, да се шири и зголемува, веќе ништо не е исто. Сега дететео кое го учевте да проодува во претходната фаза е силно и може да ве влече, да ве турне или пак да ве притисне толку силно што тешко дека ќе можете да се повратите во нормала.
Истите улоги нема да ги дадат очекуваните резултати. Се се менува!
Па, тогаш кој кого води? Дали вие како еден претприемач го водите вашиот бизнис, или пак вашиот бизнис ве преземал и започнува да ве води?
Бизнисот сте го започнале со одредена причина, сте имале силна визија, сте воспоставиле силни цели. Дали таа причина, визијата и целите сеуште се валидни за вас како претприемач? Дали се гледа приближувањето кон визијата или полека започнувате да се одвојувате?
Овие прашања се многу важни прашања и ќе треба постојано да си ги поставувате, бидејќи едноставно тие претставуваат знаци за тоа дали нешто ќе треба да промените кај вас или во бизнисот.
Speak Your Mind