Еден од најважните компоненти во секоја продажна порака, a истовремено и како предмет на постојано истражување на маркетингот претставува конфликт кој потенцијалните купувачи го имаат за нешто.
Зголемување на нагласувањето на конфликтот што постои во животот на вашите потенцијални купувачи преку вашите пораки за поттикнување на продажба обезбедува три работи за вас во продажниот процес:
- Прво и основно тој им кажува на вашите потенцијални купувачи дека имаат потреба од она што вие им го нудите.
- Второ, служи за намалување на временската рамка во мозокот на потенцијалните купувачи од купување некој ден во купување денес.
- И трето, можеби и најважно ja зголемува вредноста на она што вие го правите за нив. Тоа значи дека јасно се претставува што ќе добијат доколку купат, а што ќе изгубат доколку одлучат да не купат.
Како и да е конфликтот е клучниот елемент во вашиот маркетинг кој ја поттикнува потребата кај потенцијалниот купувач, го тера да донесе брза одлука и гради масивна перцепирана вредност на твојата понуда.
Што претставува конфликт?
Со наједноставни зборови кажано конфликт претставува нешто со што вашиот потенцијален купувач се мачи. Цел која е надвор од дофатот на тој потенцијален купувач или пак проблем кој никако не може да го реши. Во поширока смисла на зборот, конфликт е состојба во која потенцијалниот купувач дознава дека има потреба од нешто за да го направи сопствениот живот подобар.
Во вашите пораки, каде имате навистина ограничен простор или пак време (некогаш се доволни само 3 секунди за одлуката на купувачот) за да поттикнете некој да преземе акција, директното повикување на конфликтот во животот на вашиот потенцијален купувач и најдиректниот и најефикасниот начин да му се привлече вниманието.
Еве некои примери на пораки во кои е болдиран конфликтот:
- Се обидувате да ја зголемите продажбата, сепак не е толку едноставно…
- Имате веб сајт, но сеуште никој не доаѓа…
- Од толку многу производи, сепак знаете дека не е лесно да ослабите…
Ова се само мали примери, сепак добро е да размислите кои конфликти вие можете да ги разрешите и да започнете со примена на истите во вашите пораки. И секако тестирајте, некој конфликт ќе даде подобри резултати од друг…
Speak Your Mind