post

Креативноста како поттикнувач на успехот

Многу индустрии и пазар немаат многу голем маневарски простор кога станува збор за иновација, или пак едноставно го користат тој стереотип за да најдат оправдание заради сопствената неинвентивност и недостаток на креативност.

креативноста како потреба за успех

За да успеете да дојдете до голема идеја, без разлика далис танува збор за нов производ или услуга, процес или пак бизнис модел, многу важна карактеристика која треба да ја поседувате е креативноста.

Јасно е дека во голем дел од компании, пазари или пак индустрии постои еден вид на стандардизирана форма кога станува збор за производи или услуги, процеси или пак бизнис модел, сепак и тоа малку што може поинаку да се направи претставува одлична можност за обезбедување на конкурентска предност.

Понекогаш немате можност за иновација на нови производи или услуги, но онаа што од практиката го знам со сигурност е дека секогаш ќе имате голем простор за иновација во процеси или пак сосема нов бизнис модел иако производот или услугата се стандардизирани.

Затоа кога вашиот бизнис се наоѓа во една таква ситуација, со ограничен простор за иновативност во произвводи или услуги, вашата креативност треба да биде насочена во останатите можности како што се беспрекорна услуга, соодветен дизајн на бизнис моделот, работно време, дополнителна услуга, навременост на испорака, квалитет, брзина, можност за поголем избор… Навистина постојат неограничен број на можности што ви стојат на располагање за да се диференцирате. Сепак, доколку креативноста не е на посакуваното ниво, вашата компанија едноставно ќе остане на исто ниво со останатите учесници на пазарот.

Како да ја зголемите креативноста? Ќе наведам некои препораки кои не влегуваат во оние вообичаените но кои може да ви помогнат во овој процес:

  1. Започнете од себеси и запрашајте се што вие би сакале најмногу кога купувате производи кои вашата малопродажна продавница ги нуди.
  2. Истото прашање поставете го и на вашите роднини и пријатели, поставете го прашањето на социјалните медиуми каде веројатно имате веќе една поширока заедница.
  3. Излезете да прошетате и разгледајте што се случува кај вашите конкуренти. Запрашајте се зошто некој купува кај нив, што е онаа што ги привлекува и што е онаа што ги оддржува да бидат нивни купувачи.
  4. Но, не се ограничувајте само на вашата индустрија. Доколку сакате да бидете лидер, не е доволно само да откриете што нуди конкуренцијата и тоа да го правите на подобар начин. Ќе мора да внесете иновации кои воопшто не постојат во вашата индустрија, а креативноста за таквите иновации лесно може да дојде доколку проучите и бизниси кои се надвор од вашата индустрија.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*