post

Креирајте ја вашата стратегија за маркетинг со содржина

Содржината станува една од најважните маркетинг тактики за денештните претприемачи. Сега, секој мал бизнис станува креатор и на содржина.

Зошто имате потреба од различна содржина за вашиот мал бизнис?

Живееме во ера на социјални медиуми, каде секој креира нешто, дава нешто, споделува нешто, зборува за нешто… Тоа нешто е еден вид на содржина креирана од лица кои се обидуваат да креираат различни релации со други луѓе. Тие креираат и споделуваат пораки, блог постови, слики, видео, презентации…

Растот на различните социјални медиуми околу нас го прават овој процес на креирање и дистрибуција како и достапноста на различна содржина за различни лица многу полесен. Малите бизниси го знаат или пак треба да го знаат тоа и едноставно сакаат да бидат дел од севкупниот екосистем на креирање, дистрибуција и консумпција на различна содржина.

Во овој наслов, сакам да зборувам малку за стратегија за маркетинг со содржина бидејќи доколку знаете дека ви треба содржина, знаете и дека ќе ви треба одлична стратегија. Одлична стратегија значи дека ќе имплементирате стратешки приод за да успеете во вашиот напор во однос на креирање и дистрибуирање на содржина заради зголемување на потенцијалот на бизнисот.

1. Имате ли стратегија за маркетинг со содржина?

Првин започнете со постоењето на една ваква стратегија во вашиот мал бизнис. Доколку сеуште немате, сигурно користите некој вид на планска структура или распоред кога зборуваме за содржина во вашиот бизнис. Исто така, сигурно веќе имате одреден вид на соджина во вашиот бизнис во форма на слики, презентации, прирачници, брошури, летоци, каталози, инструкции…

Време е да соберете се што имате и стратешки да го ставите сето тоа да работи за вашиот мал бизнис.

Во овој прв чекор, важно е да бидете свесни дека ви треба стратешки приод кога станува збор за креирање и дистрибуција на содржина. Таа стратегија ќе ви треба да креирате нова и да дистрибуирате и нова и стара веќе постоечка содржина.

Друго важно прашање кое ќе треба да го одговорите е што вие и членовите на вашиот тим мислите за вредна содржина која вашиот бизнис во моментот ја нема, но ќе треба да се креира во иднина.

2. Каков вид на содржина ќе креирате?

Сега, кога веќе сте собрале се на едно место од постоечкото и сте го извлекле се онаа како идеја од вашата глава за што сметате дека ќе биде вредно за вашите тековни и потенцијални купувачи, можете да започнете со градење на структура околу сето тоа.

На пример, може да имате нешто како ова:

Онлајн содржина

  • Блог постови
  • Е-книги
  • Кратки пораки
  • Слики
  • Видео
  • Презентации

Традиционална содржина

  • Каталози
  • Материјали во вид на “како да направам”
  • Инструкции
  • Прирачници

Оваа листа не е конечна листа туку само еден мал дел од можностите кои ви стојат на располагање како вид на содржина за вашиот мал бизнис.

3. Кој вид на содржина ќе биде соодветна за кој вид на сегменти на купувачи?

Различни сегменти на купувачи ќе имаат потреба од различен вид на содржина од вашиот бизнис. Не можете да дистрибуирате се на секого. За некои од вашите купувачи определен вид на содржина ќе функционира подобро во однос на другите.

Затоа, ќе треба да направите подлабока анализа на сегментите на купувачите и да одлучите каков вид на содржина ќе дистрибуирате за кој сегмент на купувачи.

4. Имате ли доволно ресурси за имплементација на вашата стратегија?

Понатаму, размислете за вашиот потенцијал за имплементација на стратегија за маркетинг со содржина. Се што ќе направите во развојот на стратегијата ќе биде безвредно доколку немате доволно ресурси за имплементација на стратегијата.

Ќе мора да размислите за човечките и организациските можности за имплементација на вашата стратегија.

5. Кој ќе биде одговорен за креирање на содржина?

Важно прашање кое стратегијата за маркетинг со содржина ќе треба да го одговори е за одговорностите за процесот на имплементација.

Тука ќе треба да развиете јасни одговорности за секој од вашиот тим доколку сакате да успеете со маркетинг со содржина.

Во овој чекор време е да започнете да зборувате за вистински имиња на одговорните лица, вистински задачи, вистински распоред…

6. Што е со обврзувањето на вашиот бизнис за маркетинг со содржина?

Дали вашиот бизнис е доволно свесен и обврзан за имплементација на оваа важна стратегија? Стратегијата ќе мора да одговори и на оваа прашање.

Прво, обврзувањето е важно од вашата страна како еден претприемач и потоа од сите членови на вашиот бизнис.

7. Имате ли јасна визија за дистрибутивните канали за вашата содржина?

Имате производ, во овој случај тоа е содржина, сега ќе треба да ја донесете таа содржина до лицата на кои навистина им е потребна.

Вашата стратегија мора да содржи и детален опис на секој канал и секој вид на соджина која ќе биде дистрибуирана низ тој канал.

Сега имате доволно знаење да започнете со подготовка на вашата сопствена стратегија за маркетинг со содржина. Започнете денес и не се откажувајте. Ќе имате повеќе прилагодувања додека се стане перфектно. Важно е да започнете со нешто и да го подобрувате целиот процес онака како што го имплементирате.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*