post

МАРКЕТИНГ БУЏЕТ – БИЗНИС ДИЛЕМА?

Како бизнис дилема се јавува и маркетинг буџетот. Маркетингот е средство кое ја зголемува потенцијалната енергија на Вашиот бизнис. Воо бичаено маркетинг буџетот се определува како процент од приходот. Секој маркетинг има за цел да донесе нови потрошувачи за Вашиот бизнис. Дилемата во маркетинг буџетот се состои во тоа што да изберете од следново:

  • Како што се зголемува приходот од новите потрошувачи што ги донел маркетингот, така да го намалувате процентот на буџетот, односно да користите фиксен маркетинг буџет, на пример од 5000 денари во текот на анализираните периоди или
  • Како што се зголемува приходот процентот на маркетинг буџетот да остане ист, па така да имате варијабилен маркетинг буџет.

Ќе ги прикажеме двете ситуации преку пример. Во моментов имаме 100 купувачи во текот на период 1 (месец, година…) и секој од потрошувачите во просек троши по 1000 денари. Профитот ни учествува со 10% од приходот. Нашиот маркетинг буџет е 5% од приходот за тој период и изнесува 5000 денари. Знаеме дека на вложени 1000 денари во маркетинг добиваме еден нов купувач за нареден период. Но, се одлучуваме за фиксен буџет од 5000 денари за секој период. Така ќе ја имаме следната состојба:

  Период 1 Период 2 Период 3 Период 4 Период 5 Период 12
Купувачи 100 105 110 115 120 155
Просечен приход од потрошувач 1000 1000 1000 1000 1000 1000
Приход 100000 105000 110000 115000 120000 155000
Профит 10000 10500 11000 11500 12000 15500
Маркетинг буџет (% од приход) 5% 4,76% 4,55% 4,35% 4,17% 3,23%
Маркетинг буџет (износ) 5000 5000 5000 5000 5000 5000
Нови потрошувачи од тој маркетинг буџет 5 5 5 5 5 5

Што може да се забележи? За 5 периоди на анализа со фиксен буџет од 5000 денари ние сме успеале да го зголемиме профитот за 20%, додека маркетинг буџетот сме го намалиле скоро за 1%. Но, оваа продолжува не завршува со период 5. Во период 6 ќе имаме 25% зголемување на профит во однос на период 1, а маркетинг буџетот ќе биде 4%, Во период 12 ќе имаме зголемување на профитот за 55% во однос на периодот 1, а маркетинг буџетот ќе се намали на 3,23% итн.

Да го разгледаме истиот пример, со тоа што како константа ќе остане 5% од приход за маркетинг буџетот. На ваков начин ќе ја имаме следната состојба:

  Период 1 Период 2 Период 3 Период 4 Период 5 Период 12
Купувачи 100 105 110,25 115,763 121,551 171,03
Просечен приход од потрошувач 1000 1000 1000 1000 1000 1000
Приход 100000 105000 110250 115763 121551 171030
Профит 10000 10500 11025 11576,3 12155,1 17103
Маркетинг буџет (% од приход) 5% 5,00% 5,00% 5,00% 5,00% 5%
Маркетинг буџет (износ) 5000 5250 5513 5788 6078 8551,5
Нови потрошувачи од тој маркетинг буџет 5 5,25 5,513 5,788 6,078 8,5

Во периодот 12 ќе имаме зголемување во однос на профитот за над 70% но и зголемување на буџетот за маркетинг во однос на периодот 1 за над 70%. Навистина е привлечно да се зголеми профитот за 70% но мора да се инвестира и во зголемување на маркетинг буџетот за 70%. Но на крајот профитот сме го зголемиле за 7000 денари додека маркетинг буџетот сме го зголемиле за 3500 денари.

Но, во горниот пример не ставивме дека процентуално намалување на маркетингот ќе доведе и до процентуално намалување на трошоците на бизнисот, а со тоа и до процентуално зголемување на профитот. Па така во период 12 во горниот пример процентуално го намаливме маркетинг буџетот за 1,8% па профитот ќе ни биде 11,8%. Овие 11,8% од 155000 денари приход претставуваат профит од 18290 денари што претставува скоро 83% зголемување во однос на периодот 1. Така ја решивме дилемата за маркетинг буџетот. Подобрата алтернатива е првиот пример иако свои предности има и вториот во случај кога ќе одлучиме да го намалиме процентот на маркетинг буџетот ќе ги намалиме и трошоците, а ќе имаме повеќе купувачи од претходно вложени пари во маркетинг и ќе имаме поголем профит.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Симулација од продажба и маркетинг буџет. Вршевме симулација на два начини на определување на маркетинг буџетот и неговото влијание на приходот и продажбата. […]

Speak Your Mind

*