post

МАРКЕТИНГ СРЕДСТВА – БЕСПЛАТНИ МАЛИ ОГЛАСИ

Ова е деветото маркетиншко средство кое ќе ви го презентираме денес. Често пати од страна на претприемачите ова средство се заборава бидејќи кога ќе се спомене мал оглас се мисли на купувам-продавам автомобил, употребуван телевизор, куќа, стан … Ова собено е важно што ова маркетиншко средство е бесплатно и претставува доста ефективно и ефикасно. И не е најпаметно да се испушти како маркетинг можност. Малите огласи во весниците, списанијата, интернетот се доста читани од страна на луѓето без разлика дали продаваат или пак купуваат.

OglasnikSmall Малите огласи како маркетиншко средство е доста силно и поради фактот што може да допре до луѓе кои и воопшто во тој момент не го бараат Вашиот производ и/или услуга. Но постои голема веројаност доколку го види огласот нешто да му влезе во главата и при првата потреба да се обиде да го најде огласот и да оствари конаткт со Вашиот бизнис.

Малите огласи можете да ги објавите во:

  • Дневни весници
  • Неделници
  • Месечници
  • Специјализирани списанија со огласи (Огласник)
  • Интернет огласници

Дневните весници, неделниците и месечниците вообичаено на крајот од весникот имаат простор за мали огласи. Кога се чита весникот вообичаено од повеќето се чита од прва до последна страна, па така и огласот на претприемачот може да биде забележан. Специјализираните списанија со огласи, таканаречени огласници во последно време се издаваат како дополнение на весникот. Постојат многу луѓе кои ќе го купат весникот само заради огласникот во истиот бидејќи за да објават оглас некои бараат да го поседуваат оследниот огласник.

Во последно време како што се зголемува бројот на корисниците на интернетот, така се зголемува и популарноста на интернет огласниците. Една од најголемите сраници за мали огласи во Македонија, пазар3 според Alexa ranking  се наоѓа на 18 место по посетеност во Македонија. Ова е податок навистина вреден за тоа колку потенцијални потрошувачи ќе можат да го прочитаат малиот оглас за Вашиот бизнис.

Што треба да содржи малиот оглас? При составување на мал оглас за Вашиот бизнис мора да размислите како да го привлечете вниманието на читателот. Сигурно дека покрај Вашиот ќе има и уште многу други мали огласи, па така читателите нема да ги читаат сите туку само оној кој ќе му го привлече вниманието. Вообичаено малите огласи се текстуални огласи и нема да можете да ја искористите предноста на графиката во привлекување на вниманието. Малиот оглас ќе содржи:

  • Наслов на огласот. Ова треба да биде бомбастично, нешто што ќе ги натера луѓето да читаат понатаму.
  • Текст на огласот кој исто така треба да биде примамлив.
  • Контакт (телефон, факс, е-mail, веб страна)
  • Неодолива понуда која треба да предизвика моментална акција за контактирање на Вашиот бизнис.

Ова е доволно. Но и ова маркетиншко средство зависи од Вашата креативност. Каков ќе биде насловот и текстот ќе зависи и забележување на огласот. Запомнете дека целта е да предизвикате акција или донесување на одлука да се јават или да ве контактираат.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Мице says

    A kaj Vi se malite oglasi? Nisto bez mali oglasi. Vovedete i rubrika MALI OGLASI, ako sakate da ste kompletni, durgarcinja.

  2. Д-р Драган Шутевски says

    МАРКЕТИНГ СРЕДСТВА – БЕСПЛАТНИ МАЛИ ОГЛАСИ?

Speak Your Mind

*