post

МАРКЕТИНГ СРЕДСТВА – ЧЕСТИТКИ

Продолжуваме со нашите маркетинг оружја кои големите компании не сакаат да бидат в рацете на малите бизниси. На ред се честитки. Честитките се доста ефиксни маркетиншки оружја кои од друга страна и не се скапи, а креираат добро мислење за бизнисот кај оние што ќе ги добијат – Вашите потенцијални или постојани потрошувачи. Тие кај тековните и постојаните потрошувачи на Вашиот бизнис покренуваат чувство за возвраќање на „љубовта“ преку продолжување на деловната соработка. Додека кај оние потенцијални потрошувачи може да предизвикаат перцепција на професионалност и желба да пробаат да имаат деловна соработка со Вашиот бизнис.

CestitkaЧеститките како маркетиншко средство претставуваат пишан материјал во кој Вашиот бизнис честита некој празник или некој значаен датум. Значи,  честитките не спаѓаат во категорија на маркетиншки средства кои се користат постојано во текот на годината, туку средства кои се испраќаат еднаш до два пати годишно на избрана група на луѓе или бизниси. Честитките може да се спраќаат за:

  • Празник
  • Годишнина
  • Датум на голема бизнис зделка со примателот
  • Роденден на примателот

Воопшто не сте ограничени со избор на причина за испраќање на честитките, погоре се само некои од идеи за причината. Важно е да изберете една или две причини за испраќање и да ги испраќате на избраната група на луѓе или бизниси.

Воглавно, постојат два типа на честитки кои можете да ги испраќате:

  • Честитки во хартиена форма
  • Честитки во електронска форма

Честитките во хартиена форма се најчесто користените честитки до сега. Тие можат да бидат картонски или хартиени. Картонските честитки можете да ги имате на еден од следниве начини:

  • Да купите веќе изработени. Но, ваквиот тип ви ја одзема можноста од персонализација со идентитетот на Вашиот бизнис (име, лого и слоган).
  • Да нарачате да ви ги изработат и на таков начин да добиете персонализирани честитки. Во ваков случај заради цената ќе мора да нарачате поголема количина и да ги користите поголем временски период.
  • Самите да ги изработите со помош на Вашиот компјутер и да ги отпечатите на печатач во боја. На ваков начин уште повеќе ја зголемувате персонализацијата со тоа што секоја наредна честитка ќе биде различна, а ќе ги содржи поребните елементи за идентификација на вашиот бизнис.

Кога станува збор за честитките во електронска форма може слободно да се каже дека се најефтини, бидејќи ќе ви биде потребна само интернет конекција и систем за испраќање на mail-ови (autoresponder). Од друга страна со користење на ваквите аутореспондери ќе можете да ги подесите и датумите кога системот автоматски да ги прати честитките. Можете да користите различни flash анимации до кои ќе дојдете преку интернетот или да изработите Ваша анимација доколку имате познавање за изработка. На интернетот постојат сајтови на кои можете да започнете со избор на темплејт на честитка и да ја персонализирате согласно Вашите потреби, па потоа да ја испратите.

Што треба да содржи една честитка? Честитките не треба да бидат пренатрупани со информации, тие не се брошури. Во нив не треба да ги опишувате Вашите производи и/или услуги. Едноставно честитките реба да содржат:

  • Некоја интересна анимација која може да дава асоцијација на вашиот бизнис или пак Вашите производи и/или услуги или пак на причината на честитката (доколку е Нова година анимацијата треба да содржи елка или дедомраз или зима).
  • Идентитет на Вашиот бизнис (Името на Вашиот бизнис, лого и слоган)
  • Текст со зборови за честитање.
  • Текст од една реченица со која треба да предизвикате чувство на потреба за продолжување на соработката со Вашиот бизнис.

Значи со честитките треба да постигнете повеќе работи во очите на примачите. Честитките треба да бидат така дизајнирани да:

  • Примателот почувствува почестеност заради Вашата внимателност
  • Примателот ве идентификува како голем професионалец
  • Примателот ќе го посетите дека постоите
  • Примателот да добие желба да започне или пак да ја продолжи деловната соработка со Вашиот бизнис.

Не ја заборавајте моќта на еститките како маркетиншко средство. Едноставно изберете неколку празници или пак значајни датуми и испратете ги честитките на Вашите потенцијални и постоечки потрошувачи. Но, ќе мора да водите база на податоци за тековните и потенцијалните потрошувачи во која ќе има име и презиме на примателот како и адресата, но и верската припадност (да не се случи да честитате верски празник на оние кои не се од таа верска вероисповед). Како и да е со правилно кристење на честитките како маркетинг оружје ќе можете да добиете многукратно зголемување на продажбата.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*