post

МАРКЕТИНГ СРЕДСТВА – ФЛАЕРИ

Продолжуваме со 4-тото маркетинг средство за малите бизниси заради промоција и зголемување на влезот во продажната инка. Флаерите спаѓаат во истата група на маркетиншки средства како и брошурите. И флаерите се едно од средствата кои МОРА да се користат од страна на претприемачите. Тие можат да генерираат голема продажба со вистинско користење. Разликата помеѓу флаерите и брошурата е во големината и деталноста. Значи брошурите содржат повеќе детали од флаерите.

Флаерите можат да бидат еднострани или двострани. Можете еден А4 формат хартија да го искористите на следниов начин:

  • Од еден лист да направите 2 флаери
  • Од еден лист да направите 4 флаери
  • Од еден лист да направите 8 флаери

Flyer Првиот не би го користел бидејќи флаерот ќе биде и поскап и преголем (сепак не правиме брошура). Но, за некои специјални настани може да биде доста корисен еден таков поголем флаер. Вториот тип 4 парчиња од еден А4 лист е најдобрата големина за еден флаер и во секој случај двојно е поевтин од првиот. Третиот тип е многу мал но сепак најевтин и не е лошо да се имаат и такви флаерчиња кои би се делеле масовно на луѓето. Со повеќе од 8 од еден лист не би препорачувал бидејќи ќе биде премал и тежок за читање. А, се што е заморно за читање не се чита, а тоа не ни е целта.

Флаерите може да се печатат еднострано или пак двострано. Двостраните флаери може да соберат повеќе информации за Вашиот бизнис и може да бидат пефикасни и поефективни маркетиншки оружја, но секако и поскапи.

За изработка можете да го искористите Microsoft Office Publisher како алатка исто како што наведовме и за брошурите. Многу е едноставно и забавно. Можете да ги печатите и во црно-бела боја или во боја. Сепак флаерите во боја ќе остават посилен впечаток кај лицето до кое ќе дојде.

Освен Publisher-от можете да го искористите и Microsoft Word или Power Point за кои што можете да најдете голем избор на темплејти на интернетот. Доволно е само да пребарате на google за „flyer templates“ и ќе добиете голем избор на резултати за бесплатни темплејти. Истите ожете да ги искористите и за добивање на идеа што сакате да изработите.

Инаку, доколку сакате попрофесионално да ги изработите можете да најдете софтвери за изработка на флаери. Овие софтвери може да бидат од бесплатни до многу скапи. Разликата е во квалитетот и опциите кои што ги нудат.

Додека брошурата како поскапа во однос на флаерот се дели на посебно избрана целна група на луѓе флаерите може да се користат и за масовно распространување на информации за бизнисот.

Што треба да содржи еден добар флаер?

  • Лого на бизнисот
  • Графика во корелација со бизнисот
  • Адреса и контакти
  • Мапа како да ве најдат
  • Елемент на ургентност
  • Основни информации или пак слика со Вашите производи или тип на услуги.

Флаерите исто како и брошурите можете да ги делите. Но разликата е што немора да ги делите на местата на целниот пазар туку секаде каде ќе ви текне и каде ќе поминете. Со флаерите можете:

  • Да ангажирате некој да ги дели на улица или крстосница.
  • Да ги делите на саеми
  • Да разговарате со неколку трафики да ги вметнат во најпродаваните весници
  • Да дадете на сите роднини, пријатели и познаници да ги делат на нивните роднини, пријатели и познаници
  • Да ги поставите во Вашиот продажен објект за луѓето самите да си ги земаат
  • Можете да посетите неколку паркизни на целниот пазар и да ги подметнете на бришачите
  • Можете да посетите неколку згради со повеќе станови во Вашиот целен пазар и да ги ставите во поштенските сандучиња

Искористете ги флаерите, не се скапи а може да одиграат солидна улога во привлекување на потенцијални потрошувачи во Вашата продажна инка.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Како ќе ја промовирате? Иако последно, сепак не и неважно. Промоцијата на листата е Важен аспект за успешноста на e-mail маркетинг кампања. Логично би било да ја промовирате на Вашата веб страна, но не е забрането да користите и некои од традиционалните маркетинг средства како бизнис картички, брошури, летоци… […]

Speak Your Mind

*