post

МАРКЕТИНГ СРЕДСТВА – КАЛЕНДАРЧИЊА

Ова е осмото маркетинг средство кое го презентираме на блогот на претприемач. Претходно ги поминавме фактурите, попустните картички, честитки, флаери, брошури, писма и бизнис картички. Како осмо маркетинг средство избравме да ги презентираме календарчињата како промотивен материјал. Календарчињата може да претставуват одличен промотивен материјал за претставување и дознавање на Вашиот бизнис од страна на потенцијални потрошувачи кои сакате да ги доведете на влезот во Вашата продажна инка.

kalendar Календарчињата како маркетинг средства претставуваат годишен календар на кој од едната страна се наоѓаат информациите за Вашиот бизнис.

Календарчињата можете да ги изработите самите или пак да нарачате изработка во печатница. Доколку се одлучите самите да ги изработите ќе ви треба компјутер, печатач и софтвер за графички дизајн на календарчињата. Имате можност да изработите календарчиња од следниов вид:

  • картонски – изработени од картон
  • хартиени пластифицирани – изработени (одпечатени) на обична хартија и потоа се пластифицираат.

На интернет можете а најдете темплејти за годишни календари. На официјалнио сајт на Microsoft Office можете да симнете темплејти на календари кои ќе можете да ги преработите во MS Word.

Календарчињата како маркетинг средства може да бидат:

  • Големи. Ова се ѕидни календарчиња кои се закачуваат на ѕидот и така името и информациите за Вашиот бизнис се видливи за оној кој ќе го здогледа.
  • Мали. Ова се џебни календарчиња кои се даваат на луѓето и истите го носат кај себе и кога сакаат да видат го земаат.

И двата типа имаат свои предности и недостатоци. Првиот тип – големите календари се ѕидни и се делат на помал број на луѓе. Од друга страна доколку овие календарчиња се даваат на одредени бизнис локации како продавници ќе бидат видени од повеќе луѓе. А, кога станува збор за малите – џебни календарчиња тие може да се поделат на поголем број на луѓе но, неизвесно е нивното користење бидејќи сега веќе секој има мобилен и секој мобилен телефон содржи календар како апликација во истиот.

Затоа, доколку претприемачите сакаат да го користат оваа маркетиншко средство ќе треба да направат истото да биде вредно и корисно за оној кој ќе го добие, а притоа да се овозможи соодветна пропагандна порака на бизнисот. Еве неколку идеи како ова да се овозможи:

  • На календарчето да бидат означен прецизно празниците. Сега имаме еден куп празници кои не можеме да ги запаметиме. Ваквите календарчиња ќе бидат корисни и информативни за имателот.
  • Да содржи дополнителна информација на истото во вид на мапа на центар на градот каде ќе биде означен и бизнисот.
  • Креативна изработка на некој вид на производ кој може да се користи често од страна на имателот на календарчето.

Една страна за мали или сите страни за големи календари треба да биде задржана за бизнисот. Што треба да содржи календарчето:

  • Идентитетот на бизнисот (име, лого и слоган)
  • Адреса на бизнисот
  • Контакти (телефон, факс, е-mail, веб страна)
  • Интересна слика која асоцира на бизнисот и производите и/или услугите
  • Некоја понуда која би била интересна да се привлечат потенцијалните потрошувачи
  • И било што друго креативно, а што ќе доведе до привлеквање на што може поголем број на птенцијални потрошувачи.

Што претприемачите ќе добијат со календарчињата како маркетинг средства? Еве некои придобивки за бизнисот и претпреимачот:

  • Календарчињата се користат цела година и така со едно вложување на пари и труд ќе добијат пропаганден материја за цела година
  • Календарчињата се информативни и корисни за оној кој ги поседува
  • Клендарчињата може да бидат видени и од повеќе луѓе, а не само од имателот
  • Претставуваат доста ефикасни маркетинг средства.

Овој тип на маркетиншко средство се изработува еднаш годишно и тоа вообичаено во месец декември за наредната година. Сигурно нема претприемачите во јуни да изработат календарчиња. Така да во однос на вложената инвестиција може да бидат доста исплатливо маркетиншко средство.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*