Ќе започнеме со една бескрајна серија на маркетиншките средства за бизнисите. Особено ќе се насочиме кон средствата кои треба секој мал бизнис да ги има и користи како дел од маркетинг сратегијата. Овие маркетиншки средства имаат за цел да го зголемат бројот на потенцијалните потрошувачи во Вашата продажна инка со цел да на крајот од инката имате колку што можете повеќе купувачи. Во периодот кој следува планираме да опфатиме и обработиме накратко над 100 маркетиншки средства.
Маркетинг средство може да биде било што што ќе ве претстави Вас или Вашиот бизнис и со тоа ќе доведе повеќе потенцијални потрошувачи во Вашата продажна инка. Функционирањето на продажната инка е да се пробуди свеста кај потенцијалните потрошувачи преку маркетинг кампања со што кај дел од нив ќе се јави интерес да го видат производот или услугата, за потоа кај дел од заинтересираните да се јави желба за купување и на крај дел од оние што имаат желба да донесат одлука за купување, односно да преземат акција. Преку Вашите промотивни материјали како дел од маркетинг миксот Вие ќе можете да ја остварите таа цел. Колку повеќе потенцијални потрошувачи влезат во Вашата продажна инка толку повеќе ќе се трансформираат во вистински купувачи.
На пример, доколку имаме стапка на трансформација на потенцијални потрошувачи во вистински купувачи од 5% тогаш доколку имаме 1000 потенцијални потрошувачи влезено во продажната инка ќе имаме и 50 купувачи кои ќе ја дефинираат нашата продажба. Но, доколку успееме да дојдеме до 5000 потенцијални купувачи во продажната инка со истата стапка на трансформација на потенцијални во вистински купувачи ќе имаме 250 вистински купувачи. Доколку во просек еден вистински купувач троши 2000 денари во првиот случај ќе имаме приход од 100.000 денари додека во вториот случај ќе имаме приход од 500.000 денари. Сега доколку вистинската добивка (сите трошоци и даноци се платени) ни е 5% во првиот случај ќе имаме профит од 5000 денари додека во вториот случај ќе имаме профит од 25.000 денари.
Сега да видиме нешто околу трошоците за маркетингот. Некои маркетинг средства се навистина скапи, а некои се евтини. Но, не мора да значи дека скапите средства ќе ви донесат повеќе потенцијални потрошувачи. Важно е средствата кои ќе се изберат да бидат навистина применливи и насочени кон вистинските потенцијални потрошувачи. Сега, ако продолжме со претходниот пример и ако тоа ни се податоци на месечна основа за првиот случај на годишно ниво ќе имаме профит од 60.000 денари, додека за вториот случај ќе имаме профит од 300.000 денари. Разликата е огромна. Но, вториот случај ќе го постигнеме со вложување во маркетинг средства кои ќе ни донесат 5000 потенцијални потрошувачи. Така да во реалноста профитот ќе биде намален. Но наредната година со истите средства вложени во маркетинг ќе имате двојно зголемување, така да инвестицијата ќе се исплати.
Но, во оваа серија од напси за маркетинг средства ќе се обидеме да ги опишеме средствата за малите бизниси кои немаат големи финансиски средства за вложување во маркетингот, а со ове средства ќе можат да влезат во борба и со поголемите компании. Некои од маркетинг средствата кои ќе гиопфатиме се:
- Визит картички
- Писма
- Телефонски маркетинг
- Честитки
- Златна книга
- Календари
- Брошури
- Флаери
- Светлечки реклами
- Анкети
- Интернет огласи
- Потпис на е-mail
- Веб страна на интернет
- Блог
- Autoresponder
- RSS
- Podcasting
- Електронски книги
- Pay per Click – Плаќање по кликнување
- Подароци
- Купони
- …
И уште многу, многу други… Рековме над 100. Затоа следете не секојдневно ќе можете да ги поминете сите. Сите овие средства не спаѓаат во категорија на скапи средства, а можат да одиграат голема улога во градење на Вашиот кредибилитет, репутација, популарност и онаа клучното ДА при одлука за купување од страна на Вашите потенцијални потрошувачи.
Speak Your Mind