post

Маркетинг и зголемување на продуктивноста на маркетингот

Да имате навистина продуктивен маркетинг систем во вашиот бизнис е нешто што ќе донесе позитивни резултати за целата ваша компанија. Што претставува маркетинг продуктивност?

Продуктивност на маркетингот

Дали маркетинг продуктивност претставува користење на помалку маркетинг тактики како дел од вашите маркетинг напори? Или пак тоа значи користење на повеќе маркетинг тактики? Дали е нешто што ќе значи трошење на помалку пари во однос на маркетингот?

Маркетинг продуктивност ќе значи многу работи за вас како еден претприемач, но мора да знаете дека подобра продуктивност во маркетинг ќе значи и повеќе купувачи со помал инпут од ваша страна, односно од страна на вашиот бизнис.

Кои видови на инпути вие ги имате кога зборуваме за маркетинг системи кои се наоѓаат во вашата компанија?

Најважни инпути од ваша страна во маркетинг системите се вашите пари, време и напори кои што ги инвестирате за да доведете еден купувач во вашиот бизнис. Да позборуваме за оваа преку специфични бројки во еден поедноставен пример.

На пример, кога инвестирате 1000 денари во вашите маркетинг тактики, трошите еден ден за имплементација на тие тактики и трошите по еден ден за тројца членови од вашиот тим. Тоа е вашиот инпут како еден претприемач во овој случај. Доколку вашето време го вреднувате 2000 денари за еден ден, и еден ден на еден член од вашиот тим се вреднува 1000 денари (толку ве чини тој еден вработен), тогаш сиот ваш инпут во тие маркетинг тактики го вреднувате 6000 денари. Со овие инпути ќе доведете 10 нови купувачи во вашиот бизнис што значи дека трошите 600 денари по доведен еден купувач.

Но, што ќе се случи доколку ја подобрите продуктивноста на вашиот маркетинг систем кој го користите и кој е дел на пресметката презентирана погоре. Подобрување може да значи 50% скратување на време за да се постигнат истите резултати и 50% намалување на трошоците. Тогаш инпутите од ваша страна ќе имаат вредност 3000 денари кои ќе ви донесат 10 нови купувачи што пак значи дека цената на доведување на еден нов купувач сега ќе биде 300 денари. Но, доколку исто така ги подобрите вашите маркетинг тактики со што ќе доведете 20 наместо 10 купувачи, вашите трошоци за стекнување на еден купувач ќе бидат 150 денари.

Како најопшти правила вие ќе треба да ги направите следниве работи за да ја зголемите продуктивноста во маркетингот:

  1. Постигнете повеќе со помал инпут. Секогаш работете на подобрувања на инпутите во вашите маркетинг системи. Овие подобрувања ќе ви овозможат поголеми постигнувања со помалку вложувања. На пример, отстранете ги сите можни одвлекувања на внимание кога работите на вашите маркетинг тактики, развијте автоматски систем за следење на перформансите, подобрете ја содржината на вашите маркетинг тактики…
  2. Организирајте ги вашите маркетинг процеси така да тие ви овозможат зголемување на ефикасноста и ефективноста. Правење на правите работи во исто време кога ги правите на прав начин драстично ќе ја зголеми вашата маркетинг продуктивност. Дали ги правите правите работи? Кога знаете дека ги правите правите работи во маркетингот, дали тие се прават на прав начин? Одговорете на овие прашања и сигурно ќе дојдете до многу можности за подобрување.
  3. Користете нови маркетинг тактики кои ќе бараат помалку пари, помалку време и помалку напор од страна на вашиот бизнис. Вашата креативност е единственото ограничување кога станува збор за користење на нови маркетинг тактики. Зголемете ја вашата креативност и видете колку нови и подобрени маркетинг тактики ќе имате во вашите раце за да ја зголемите севкупната продуктивност на маркетингот во вашиот бизнис.
  4. Зголемете ги резултатите на вашите маркетинг процеси – повеќе купувачи за вашиот бизнис. Единствениот валиден позитивен резултат од вашите маркетинг процеси се бројот на купувачи кои вашиот бизнис ќе ги стекне. Анализирајте што влијае на бројот на стекати купувачи и подобрете ги сите тие елементи. Никогаш немојте да ги окривувате вашите купувачи заради слабите резултати на вашите маркетинг процеси. Не можете да ги подобрите вашите купувачи, тие се тие, такви какви што се, вие сте си ги избрале како целни купувачи. Но, секогаш можете да ги подбрите вашите процеси или пак да ги замените со нови. Подобрување на процесите ќе доведе до зголемување на бројот на стекнати купувачи во вашиот бизнис.

Прашање: Имате ли систем со кој ја следите и мерите продуктивноста на маркетингот во вашиот бизнис? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*