post

Моќта на физичкиот контакт…

Иако живееме во свет во кој алатките кои ги поседуваме го поедноставуваат социјалниот живот на луѓето, сепак се чини дека физичкиот контакт останува моќно средство за подобрување на бизнисите.

Многу пати пишував за стартапи и проверка на бизнис идеите и хипотезите за бизнис моделот. Иако алатките дозволуваат без физички контакт да прибереме доста информации, сепак мора да ни биде јасно дека без директно гледање очи во очи нема да знаеме дали решението кое што го нудиме е навистина извонредно и дали тоа решение ќе биде нешто што ќе помине на пазарот.

Физичкиот контакт со вашиот купувач и натаму останува најмоќно средство за стекнување на информации кои не само што ќе бидат најблиски до вистината, туку и ќе ви помогнат да го прилагодите вашиот бизнис токму онака како што купувачите сакаат тој да изгледа.

Да се потсетиме дека доколку вашиот бизнис е стартап бизнис ќе мора да работите на валидација на хипотезите, односно на претпоставките за проблемот кој купувачите го имаат. Дали тој проблем навистина постои, дали тој проблем бара решение, дали тој проблем е нешто навистина болно за купувачите… Ваквите прашања единствено ќе ги одговорите доколку реализирате физички контакт со потенцијалните купувачи.

Освен валидација на проблемот, следното нешто што ќе треба да го направите е да го валидирате и решението кое што сте го подготвиле по валидација на проблемот. И тука, моќта на физичкиот контакт е многу поголема отколку било што друго, особено доколку решението веќе го имате во опиплива форма.

Освен за стартап нивото на бизнисите, и веќе постоечки бизниси имаат потреба од физички контакт со купувачите заради прибирање на информации од кои ќе произлезе постојано подобрување на бизнисот.

Во изминативе неколку месеци дури 10 епошти добив со прашања токму за овој проблем. Како да знам дека проблемот кој сакаме да го решиме е навистина валиден? Сепак пораките содржеа и прашања за начин на креирање на прашалници и доставување на истите до потенцијалните купувачи. Но, ништо не е поефикасно кога лично ќе разговарате со потенцијалниот купувач и кога едноставно ќе му ги видите гримасите на лицето, промена на бојата, треперењето на гласот и уште еден куп други невербални знаци кои ќе ви ја покажат вистината многу подобро отколку пишан хардкопи или електронски прашалник.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*