Кој е најдобриот начин за започнување на бизнис?
Постои ли такво нешто?
Постои ли прецизно дефиниран процес на започнување на бизнис?
Постојат еден куп на книги, блогови, алатки, совети…
Но, многу ретко можете да најдете прецизно дефиниран процес со одличен редослед на активности.
Од друга страна секој процес е различен како што и секоја идеја е различна, како и што секој претприемач е различен, како што и секој пазар и индустрија се различни…
Па, има ли процес?
Може да има, но не е сигурно дека е добар за вас. Затоа тука во следниве 7-точки ќе се обидам да го презентирам тој процес (кратко и јасно)
Ако сакаш да започнеш бизнис:
- Постојано набљудувајте специфична пазарна ниша и обидете се преку тоа набљудување да научите за потребите, проблемите како и вообичаените производи или алатки за решавање на тие проблеми или задоволување на тие потреби.
- Дојдете до иновативна бизнис идеја. Но, лесно е да се каже, сепак потешко е да се изведе. Зголемување на креативноста, дискусија, прашување на потенцијални купувачи, бреинстормирање, морфолошка матрица, вредносна анализа, пиење на пиво… Сето тоа се можни извори на бизнис идеи, што ќе користите зависи од вас.
- Идентификувајте ја вашата конкурентска предност во споредба со конкуренцијата. Google, социјални медиуми, статистика, весници, data mining, извештаи, списанија…
- Моделирајте го вашиот иден бизнис. Да, добро читате, сепак ќе ви треба бизнис модел преку кој ќе можете лесно да следите што понатаму ќе треба да направите…
- Тестирајте го бизнис моделот. Прашалници, анкети, состаноци, телефонско јавување, блог постови, MVP, обод за продажба… Не е важно што се ќе користите, важно е да добиете повратни информации директно од пазарот.
- Пивотирајте или имплементирајте го наученото од фидбекот од претходниот чекор во процесот. Промена на стратегија, мисија или визија, карактеристики и бенефити содржани во производот…
- Постојано набљудувајте ги, разговарајте со нив и слушајте ги вашите купувачи.
- Постојано повторувајте ги чекорите 6 и 7.
Speak Your Mind