post

Можете ли да изградите лојалност кај вработените

Сите ја сакаме лојалноста. Сакаме семејството да ни биде лојално. Сакаме пријателите да ни бидат лојални. Сопругите или девојките и обратно да бидат лојални.

Како претприемачи сакаме купувачите да ни бидат лојални на нашиот бизнис.

Но. што е со вработените? Дали сакате тие да бидат лојални на вашиот бизнис?

Прашањето е што можете да направите за да обезбедите повеќе лојалност од страна на вашите вработени.

1. Размислете два пати пред да одлучуте да најмите некој

Најголемата причина зошто некои од вашите вработени не ви се лојални е вашата брза одлука да најдете некого кој ќе работи за вас.

Пред да одлучите да вработите некого, размислете двапати и проверете се за кандидатот пред да ја донесете конечната одлука.

2. Време е да го подобрите процесот на најмување

Втора причина за ниска лојалност од страна на некои ваши вработени може да биде лошите системи и процеси за најмување кои ги користите во вашиот бизнис.

Не е вината кај вработените. Најголемата вина е кај вас и вашите системи кои го поддржуваат процесот на најмување.

Подобрете ги системите и процесите, па ќе видите дека ќе имате повисока лојалност од страна на вработените кон вашиот бизнис.

3.  Разгледајте ги различните причини на нелојалност од минатото

Кои се најголемите причини поради што вашите вработени не биле лојални кон вашиот бизнис?

Доколку ги знаете причините, ќе ги откриете најдобрите решенија за проблемот.

4. Кои се вашите најлојални вработени? Зошто?

Веројатно имате некои вработени кои се навистина лојални кон вашиот бизнис. Запрашајте се кои се тие и зошто се лојални на вашиот бизнис.

Одговорите во облик на причини ќе ви даде идеи кои можете да ги вклучите во програмите за зголемување на лојалноста на вработените во вашиот бизнис.

5. Обезбедете јасен промотивен пат за вашите вработени

Доколку некој знае што може да очекува од вас и вашиот бизнис, тие ќе вложат напор да го постигнат тоа.

Обезбедете јасен пат за напредување на вашите вработени. Така ќе ја зголемите нивната лојалност кон вашиот бизнис.

6. Нека бидат шефови на нивната сопствена работа

Слободата да се биде креативен, да се носат одлуки или да се организира сопственото работно место се најдобрите практики за зголемување на лојалноста.

7. Обезбедете семејна атмосфера во вашиот бизнис

Вие сте сопственик на мал бизнис. Вашиот мал бизнис е вашето второ семејство. За повеќето од вашите вработени исто така вашиот мал бизнис претставува второ семејство. Зошто да не се обидете да изградите семејна атмосфера во вашиот бизнис? една таква атмосфера само ќе ја зголеми лојалноста на вашите вработени кон вашиот мал бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*