post

На кого се се потпира вашата иновација

Една иновација не може денес да функционира како процес или како сам продукт изолирано од надворешни и внатрешни влијанија. Иновација која ја чувате само за себе не е иновација.

иновирација

За да постои некоја иновација согласно дефинирање на терминот треба да постои корисност и тоа не само за еден човек (вас или било кој друг) туку за поголем број на луѓе кои навистина ќе се најдат зависни од таа ваша иновација.

Но, тоа и не е толку голем проблем, барем не денес. Тоа е веќе јасно на секому.

Онаа каде се стигнува до првите вистински препреки е позиција во која секоја иновација треба да се процесуира и изнесе надвор на јавноста. Да се процесуира бара потпора на паметни луѓе и организации во и надвор од организацијата која иновира. Да се изнесе надвор повторно бара паметни луѓе во и надвор од организацијата која иновира.

Значи, успехот на една иновација не се базира само на успехот на вашиот тим и капацитетите кои вие ќе ги поседувате за процесуирање и обезбедување на достапноста на иновацијата. Таа ќе се базира и на многу надворешни ентитети кои директно или индиректно ќе имаат влијание на таа иновација.

Веќе зборував за постоење на екосистеми кои во голем дел денес функционираат и имаат влијание на прифаќање или одбивање на иновацијата. Дали екосистемот е подготвен да ја прифати иновацијата? Дали екосистемот е подготвен да ја имплементира иновацијата? Тоа се клучни прашања чии одговори во голем број на случаи (барем гледано) историски ни покажале дека повеќе од 90% неуспехот на иновацијата не е во самиот процес на иновација кај една организација, туку поради неспремноста на екосистемот да ја прифати и имплементира самата иновација.

Затоа доаѓаме во ситуација да клучен момент во самиот иновативен процес биде и одговорот на прашањето: на кого се се потпира самата иновација?

Да, едноставно уште во самата фаза на започнување на еден иновативен процес мора да знаете кој се ќе биде инволвиран, не само од внатрешноста на организацијата туку и од надворешноста бидејќи на крајот нема да биде важно што вашата организација ќе создаде, туку дали тоа што ќе го создаде ќе биде прифатено од екосистемот на самата иновација, но и од купувачите односно пазарот.

Затоа, едноставно не губете време со започнување се додека не ги дефинирате сите влијателни ентитети и да најдете начин како да ги вклучите во вашиот процес со цел да го олесните прифаќањето на тие иновативни идеи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*