post

Надворешно рекламирање – Маркетинг средство 40

Надворешно рекламирање, кампањи, билборди, постери …, реклама, моќ, успех.

Денес билбордот е општо прифатен, но пред 15 години на овие простори поимот билборд беше тотална непознаница, странски израз, чуденка …..

Билборди - Маркетинг средства

Не беше лесно да се создаде навика за користење на овој медиум, односно да се развие надворешното рекламирање на овие простори.

Во тоа време функционираше поставување на таблички во било која димензија со единствена логотипна содржина за името на компанијата со неизбежно  истакнување на телефонскиот број. Владееше тотален хаос по улиците, немаше ред во тој сегмент.

Прва задача беше да се убедат надлежните институции дека е непходно да се унифицираат таблите, да се постават на соодветни места и во исто време да му дадат на градот еден нов современ, урбан лик, но и да ја постигнат својата главна цел, организирано надворешно рекламирање, подигање на свеста за користење на рекламното пано во стандардни димензии од 12м2 како моќна алатка во маркетингот. Понатаму требаше да се инсталира добро организирана мрежа од билборди низ целата држава, а тоа е макотрпен пат.

Најважното во целиот процес на поставување на бизнисот беше создавање потреба и навика огласувачите да го користат билбордот во нивната комуникација со крајните корисници на нивните производи и услуги, а тоа  беше тешка задача во тоа време.

Имаше отпор, неверица во ефектот од овој вид рекламирање, па и недоволна едуцираност од областа на маркетингот. Како анегдота е една ситуација кога при една понуда во една компанија, добивме одговор дека за тие пари може да се изнајми стан под кирија?

Со голема страст, посветеност кон целта, успеавме на надворешната реклама да и овозможиме успешно да делува, да се  наметнеме како значаен медиум. Денес неможе да се замисли добро организирана рекламна кампања без  застапеност на надворешната реклама.

Билбордот како класична форма е основен сегмент во надворешното рекламирање или OOH – Out Of Home. Но, се позастапени се и други форми на надворешното рекламирање. Значајно место завзема мегалајтот, ситилајтот, ролборд ,фасадни и кровни површини, панели  прицврстени на  канделабри, а  во поново време се позастапен е транзит адвертајзингот со истакнување на реклами на автобуси, такси возила и други превозни средства.

Надворешната реклама е сеуште во подем за разлика од видовите на внатрешна реклама со исклучок на интернетот, каде што порастот е рапиден  и  во моментот е медиум  за разработување, можеби како што беше ООХ  пред 15 години кај нас.

Во вкупниот поделба на колачот за потрошени средстава во адвертајзингот во Македонија, надворешната реклама е застапена со 9%.

Надворешната реклама е докажано моќна, а воедно е најскромна од сите други видови на рекламирање. На  ненаметлив начин ја манифестира потребната позитивна агресија за постигнување на основната цел, анимирање на широките потрошувачки маси.

OOH е таму каде што е народот, не можеш да ја избегнеш, неможеш да ја исклучиш, нема опција да промениш канал, а воедно не ти го троши најскапоценото нешто, времето. Не треба да одвоиш ни пари ни време за да ја перцепираш, таа е тука пред тебе додека ги обавуваш секојдневнте работи надвор од дома.

Со диктатот на новото  динамично време, во движење,  се повеќе сме изложени на надворешната реклама. Како ниеден друг медиум, OOH не ве вознемирува, напротив ненаметливо, а сепак провокативно  ве анимира со својот жив впечаток од колоритни бои и интересни леснопамтливи слогани.

OOH е верен другар како на огласувачите така и на публиката и им помага да се пронајдат. OOH е медиум кој брзо и ефектно ги освојува срцата, во исто време е  заводлив, гламурозен, луксузен, но  срамежлив и скромен.

OOH, историски гледано е најстар  начин на рекламирање. Уште пештерските луѓе го користеле цртајќи по ѕидовите на своите живеалишта  во потребата за масовна комуникација. И до ден денешен успешно се користи, се менуваат само појавните облици, сега пештерските ѕидови се заменети со модерни рекламни простори, билборди, мегалајти, ситилајти, автобуси итн.

OOH е погоден како  за  лансирање на нови компании, производи и услуги во кампањи така и за корпоративно  перманентно присуство помеѓу корисниците  со  единствена можност рекламата да биде изложена 24 часа во сите сезони од годината, буквално 365 дена.

Е сега е јасно зошто OOH се употребува од секој бизнис кој што води сметка за својот имиџ. Секој бизнис, кој има сериозен пристап кон планирање на маркентиншките активности, без друго го користи  во сите негови појавни облици, надворешното рекламирање.

*****************************************************************

Овој напис е напишан од Весна Стаменковска –Стамит, CEO, Медиа Сити Адвертајзинг, телефон: 00389(0)2 3 10 00 10.

*****************************************************************

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*