status

Следна епизода: стекнување и користење на влијанието за вашиот бизнис

Следна епизода: стекнување и користење на влијанието за вашиот бизнис

Како тема за следната подкаст епизода која ќе биде објавена во понеделник (30.09.2013) на подкастот насловен како “претприемачки пат” се одлучив да биде стекнување и користење на влијанието за вашиот бизнис.

Доколку сакате да бидете дел од оваа епизода, слободно можете да поставите прашање преку гласовна порака која ќе биде вметната во епизодата или пак преку контакт форма кое ќе биде прочитано и одговорено во текот на епизодата. Прашањата можете да ги поставите преку страната за прашања за подкастот.

Во оваа подкаст епизода ќе зборуваме за:

1. Што претставува влијание?
2. 6 принципи на влијание.
3. Внимание, кредибилитет, репутација и доверба.
4. Зрачете топлина наместо студенило.
5. Што значи да имате влијание?

Доколку сакате нешто друго да биде вклучено во оваа епизода можете да поставите прашање (гласовно или писмено преку контакт форма) на страната за подкаст прашања.

Доколку пак сакате некоја тема да биде вклучена во следните епизоди на подкастот “претприемачки пат” слободно дајте предлог преку коментар на оваа најава.

Сите епизоди на подкастот “претприемачки пат” можете да ги следите и преку iTunes.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*