post

Натпревар во претприемништво

Подобрување на севкупните економски состојби во земјава во голем процент зависи од развојот на претприемништвото.

За таа цел Британскиот совет во Македонија организира натпревар по претприемништво за средношколци од 15 до 18 години.

Во петок, 16 ноември 2012 год, Британски совет во Македонија организира натпревар во претприемништво за средношколци на возраст од 15 – 18 години од 20 училишта од Македонија. Натпреварот ќе се одржи во Управната зграда на Скопски саем.

Истиот има за цел да го поттикне претприемачкиот дух кај средношколците, да им овозможи да ги искористат своите креативни вештини, таленти и знаења во деловен контекст.

Натпреварот во претприемништво во Македонија се одржува по петти пат. Британски совет ќе ја даде задачата на која учениците ќе треба тимски да работат и да одговорат во ограничен временски период, а потоа нивното решение да го претстават пред стручно жири. За трите победнички тимови ќе се доделуваат награди.

За повеќе информации контактирајте со Светлана Нефтенова на 070/38 79 56 (svetlana.neftenova@britishcouncil.org.mk) или Жарко Конески на 070/38 77 60 (zarko.koneski@britishcouncil.org.mk).

Агендата можете да ја преземете тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*