Првин да ви посакам успешен почеток на неделата. Некако сум навлезен во фазата на најиновативно размислување за бизнис, иновации и претприемништво што беше резултат на насловите од целата претходна недела и би сакал да ја започнам и оваа недела на ист начин, со ист тон и со ист интензитет.
Знам дека некои се најдоа погодени од овој серијал на постови на претприемач, но јавно им се извинувам дека немам намера да ги повредам, единствената намера е да ги поставам темелите на еден сосема поинаков начин на размислување кои подетално ги разработувам во премиум претприемач 2.0. Тоа се факти на денешницата и добро поддржани за утрешницата. Дали ќе ги искористите, односно ќе користите GPS наместо карта од 1960-тата година останува на вас.
Минатиот пат зборував за неизвесноста, избегнување на неизвесноста, безгрешен претприемачки процес, линеарен наместо кружен претприемачки процес…
Да продолжиме со уште некои иновативни размислувања и тоа за бизнис идеите. Сигурно веќе сте слушнале, сте прочитале или пак сте учеле дека вам ви треба брилијантна бизнис идеја која всушност претставува препознавање на можност на пазарот. Не, дека не е точно, точно е тоа. Но, проблемот што тој исказ е се помалку функционален денес.
Не можете да започнете со брилијантна идеја
Денес најуспешните претприемачи не започнуваат со брилијантна идеја во нивната глава. Тие едноставно ја откриваат идејата.
Но, како е во реалноста? Повеќето потенцијални претприемачи ја чекаат таа нивна брилијантна идеја за бизнис, за нов производ, за маркетинг концепт, за производствен систем…
Дали Facebook првата верзија е иста со онаа денес. И колку итерации доживеа популарната социјална мрежа во изминативе години.
Дали Google е истиот како во започнување.
Да, Google e брилијантна идеја, но не е нешто што веќе не постоело во тоа време на пазарот. Да, Google сеуште е во главен бизнис со пребарување, но навлегува и интегрира во посточекиот бизнис и социјални мрежи и многу други посебни проекти во форма на потенцијален бизнис за утре, но и во форма на подобрување на тековниот бизнис.
Google постојано врши промени на главниот производ.
Но, зад Google стојат и многу неуспешни проекти. Се сеќавате на Google Wave, Google Buzz… Каде се тие? Веќе не постојат. Но, знаењето кое компанијата го стекнува со голем број на неуспешни проекти додава вредност на постоечки успешни проекти и вредност за нови идни успешни проекти. На пример, неуспехот со Google Buzz и Google Wave допринесоа за успешно лансирање на Google+.
Ви треба било каква идеја
Едноставно вам ви треба само било каква идеја со која можете да започнете, без разлика дали е брилијантна, невидена, нечуена или нешто сосема обично како локална бакалница.
Важно е да имате нешто како стартна позиција, а како ќе се обезбеди успешноста, ниту вие ниту јас во оваа фаза неможеме да го кажеме, ниту пак проучиме. И да ги имаме сите информации кои постојат во светот за таа идеја, повторно нема да знаеме како да ја трансферираме во успешен бизнис.
Во премиум претприемач 2.0 ќе презентираме цел еден процес како да ја обезбедиме успешноста на оваа ваша иницијална идеја преку еден процес на постојано акумулирање на знаење преку преземање на соодветни чекори и постојана адаптација на иницијалната идеја.
Speak Your Mind