Започнување на нов бизнис и процесот кој ќе се применува во голем дел зависи од бизнис идејата, но и видот на пазарот за кој е наменета таа бизнис идеја (решение на проблем).
Сепак, во научните кругови се позначајни стануваат обиди да се креира еден уникатен процес на за започнување на бизнис.
Но, знаеме дека тоа не е возможно. Сепак, една рамка во вид на лин стартап ни дава јасна слика за еден пат на идните претприемачи кога започнуваат сопствен бизнис.
Лин стартап, за што веќе пишував во повеќе наврати претставува најкомплетната рамка за започнување и креирање на нови бизниси.
Можете да прочитате за основите на лин стартап во следниве наслови:
Тој серијал на наслови всушност беше поврзување на лин стартап како еден процес, поточно една филозофија со лин производство и карактеристиките и методите, односно техниките користени од овие филозофии.
Во секој случај, лин стартап претставува една комплексна филозофија за започнување на бизнис која обезбедува квалитетна рамка за разни видови на процеси, методологии, техники и алатки во креирање на нов бизнис, преку креирање на нов или подобрен производ или услуга. Секако, тоа креирање на бизнис, производ или услуга оди заедно со самиот процес на развој на купувачи.
Но, прашањето во овој наслов е кои се главните придобивки од еден ваков процес?
Тука ќе се обидам, накратко да ги презентирам некои од придобивките.
- Креирање на бизнис преку учење директно од пазарот.
- Развој на бизнис со развој на купувачи и пазарот.
- Постојано во директен контакт со купувачите.
- Минимални ресурси за започнување на бизнисот.
- Оптимално користење на расположиви ресурси за започнување на бизнисот.
- Добивање на фидбек директно од пазарот.
- Навремено дознавање на тоа што купувачите сакаат.
- Намалување на ризикот од неуспех на стартапот.
- Зголемување на шансите за успех.
- Креирање на неодолива понуда.
- Постојано подобрување на процесите како и производите или услугите.
- Директно учество на претприемачот во развој на купувачи, но и во креирање на бизнис моделот и бизнисот.
- Оптимален дизајн на бизнис моделот.
- Постепено градење на системи и процеси во бизнисот.
Speak Your Mind