post

Одлуки на патот кон успехот

Поседување на сопствен бизнис и играње на претприемачката игра не е лесна задача за вас. Доколку претприемништвото било толку лесно нема да има вработени. Секој ќе биде претприемач.

Но, различни луѓе имаат различни движечки сили кои ги носат до успехот. Некои луѓе сакаат да го прават она што навистина сакаат да го прават, без разлика на приходите што ќе ги добијат, некој ќе сака да го задржи зголемувањето на бизнисот до најмногу десет луѓе.

Да погледнеме некои прашања кои ќе бидат корисни доколку сакате да ја најдете вашата движечка сила што ќе ве однесе до успехот.

#1 Што навистина сакате да правите?

Дали навистина сакате да го правите она што вашиот бизнис ќе го побара од вас? Тука не станува збор само за сакање, веројатно најважниот дел е да се знае што е она што навистина треба да се прави.

Многу пати, претприемачите не се ни свесни што се е потребно да прават за нивниот бизнис. Тоа е првиот и можеби најголемиот конфликт помеѓу нив и нивните компании.

Но, ако знаете што треба да се правите, а тоа е многу повеќе од иновирање во областа на вашиот бизнис ќе треба и да сакате да го правите. На пример, ќе треба да управувате, да размислувавате за финансии, набавка, маркетинг…

#2 Што е со вашата сегашна состојба?

Важно да знаете што е она што го имате денес во вашите раце. Ќе треба да знаете што имате, и што потенцијално може да изгубите со започнување на бизнисот.

Понекогаш, вашата сегашна состојба може да ве врати назад, што значи дека нема да ги преземете чекорите што треба да се преземат.

#3 Колку голем сакате да биде вашиот бизнис?

Некои претприемачи не сакаат да имаат голем бизнис со многу вработени и без семејна атмосфера.

Други сакаат да го развиваат и раснат својот бизнис колку што е можно повеќе.

Различните пристапи поинаку ќе го дефинираат вашиот успех и патот до тој успех.

#4 Што е со финансиите?

Вашите финансии многу пати ќе бидат важен креатор на патот кон успехот.

Дали ви се потребни дополнителни средства? Како ќе ги добиете? Дали ќе треба да се откажете од некој дел од вашата компанија? Кој ќе одлучува?

Ова се важни прашања за вашиот бизнис и секако вашето работење во иднина.

#5 Што е со вашите лични морални вредности?

Вашите лични морални вредности многу пати ќе ја дефинираат иднина на бизнисот. Тие ќе бидат патоказ кој ќе ви каже кога ќе треба да ја менувате насоката на движење, за да останете на вистинскиот пат, единствениот кој води до успехот.

Овие вредности ќе ви помогнат да ги разликувате добрите од лошите работи и многу пати вашите одлуки ќе се базираат токму на нив.

#6 Што е со луѓето со која сакате да работите?

Не можете да бидете, или не можете да останете сам, кога сте претприемач. Ќе морате да работите со различни луѓе на дневно, неделно или месечно ниво.

Каков тип на луѓе ви се допаѓаат, и со кои луѓе ке сакате да работите, ќе влијае на вашите бизнис одлуки.

#7  Подготвени сте да преземате ризик! Но, колку?

И како последно, но исто така важно е ризикот кој сте спремни да го поднесете. Секој потфат значи ризик за вас, вашето семејство и вашиот бизнис. Колкав ризик можете да преземете?

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*