post

ОПШТА АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ – ДЕЛ 1 – ВОВЕД

Како што знаете (или барем оние редовни читатели на pretpriemac.com) од крајот на декември 2008 година до 31 март 2009 година спроведовме едно истражување за општа анализа на пазарот во Република Македонија. На 31 март можноста за одговарање е затворена и во моментов ги сублимираме резултатите и подготвуваме неколку типа на извештаи од овие резултати.

Прашалникот беше составен од неколку групи на прашања:

  • Прва група: Општа анализа на профилот кој опфаќаше возраст, брачен статус, семејство, поседување на дом, месечни приходи итн. Целта на овие прашања е да се добие одреден профил на потрошувач како и одредена корелација на тој профил со купувачкото однесување.
  • Втора група: Купувачко однесување на одговарачите на прашалникот за три типа на производи (храна, текстил и козметика) како производи кои најповеќе се користат и претставуваат одредена потреба за секој. Секој мора да јаде и да купува храна, секој мора да одржува одредени хигиенски услови и сака да биде поубав па користи козметички производи и секој мора да се облече – нема да шета гол. Однесувањето го класифициравме во неколку групи на однесување: купување во специјализирани продавници со мешана и специјализирани продавници со брендирана стока, како и зелените пазари и маркети.
  • Трета група: Влијание на трети лица врз одлуката за купување. Оваа влијание е многу значајно при избор на маркетинг стратегии за да не се избере група која ќе нема единствено влијание за избор.

Резултатите од анализата ќе бидат презентирани на неколку начини:

  • Дел ќе бидат презентирани преку блогот при што ќе започнеме со оваа презентација уште во наредните неколку дена. Оваа ќе бидат графички презентации на сите прашања.
  • Втората презентација ќе биде во артиклите на pretpriemac.com каде ќе биде дадена целокупната анализа на графичката презентација со коментари и начин на искористување на информациите.
  • Третата презентација ќе биде готова во текот на овој месец и ќе опфаќа статистички техники (стандардна девијација, варијанса, корелациона анализа …). Оваа презентација ќе биде во облик на извештај во pdf формат.

Сите 3 презентации ќе бидат од голема корист на претприемачите како сегашни така и идни, а особено поради тоа што:

  • Ќе можат да ги искористат информациите директно за сопствената работа
  • Ќе ја почувствуваат моќта на информациите од анализи
  • Ќе ги видите математичките техники за соодветна анализа на податоци.

Сите три презентации ќе бидат бесплатни со тоа што првите две ќе бидат достапни директно преку pretpriemac.com и блогот, додека третата ќе биде достапна преку Вашиот меил и ќе треба да изведете неколку клика и да напишете неколку збора. За презентација од третиот вид би платиле од стотици до илјадници евра што можете да проверите на интернет колку чинат таквите анализи. Предноста за да го дознаат првите начинот на добивање на третиот извештај ќе ја имаат регистрираните членови на нашата mailing листа.

ЗАТОА СИТЕ КОИ НЕ СЕ РЕГИСТРИРАНИ НЕКА СЕ РЕГИСТРИРААТ ЗА РАНО ИЗВЕСТУВАЊЕ СО ПОПОЛНУВАЊЕ НА ФОРМАТА ОД ДЕСНА СТРАНА.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Може да ја прочитате во серијалот од 5 дела за општа анализа на пазарот. Подели го […]

Speak Your Mind

*