post

ОПШТА АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ – ДЕЛ 2 – АНАЛИЗА НА ПРОФИЛОТ

Прашалникот за општа анализа на пазарот опфаќаше прашања кои имаа за цел да го определат профилот на потрошувачите и потоа со наредните прашања да се дојде до однесување за секој од добиените профили од истражувањето.

Овој дел од прашалникот (профилот) опфаќа најмногу прашања:

  1. Пол на одговарачот на прашалникот
  2. Староста на одговарачот на прашалникот
  3. Град од кој доаѓа одговарачот на прашалникот
  4. Нивото на образование на одговарачот на прашалникот
  5. Брачниот статус на одговарачот на прашалникот
  6. Дали имаат деца одговарачите на прашалникот
  7. Вработеност на на одговарачот на прашалникот
  8. Месечен приход на на одговарачот на прашалникот
  9. Месечен приход на домаќинство на одговарачот на прашалникот
  10. Дали поседуваат сопствен дом одговарачите на прашалникот
  11. Дали поседуваат и втор дом одговарачот на прашалникиот

Можете да забележите дека скоро половината од прашалникот е за утврдување на профилот на потрошувачите. Ова треба да го применувате и доколку самите спроведувате истражување. Секогаш ќе имате различни профили на потрошувачи кои различно ќе се однесуваат при одлучување за купување како и кои ќе имаат различни потреби кои треба да се задоволат преку Вашиот бизнис.

Да тргнеме со презентација на резултатите од прашалникот за делот на профилот на потрошувачот.

  • Пол на одговарачот на прашалникот

Се забележува дека жените повеќе одговарале на прашалникот отколку мажите при што може да се потврдуи тезата и од странските истражувања дека жените како претприемачи обрнуваат повеќе внимание на бизнис планирање.

  • Староста на одговарачот на прашалникот

  • Град од кој доаѓа одговарачот на прашалникот

Најмногу одоговорени прашалници доаѓаат од Скопје со 39% додека следи Куманово со 38%, иако и Битола има високи 10%. Ова значи дека за претприемачите од овие градови резултатите од прашалникот ќе бидат највалидни.

  • Нивото на образование на одговарачот на прашалникот

Интересно е што образованието на одговарачите е доста високо дури 45% се со високо образование додека со 44% се со средно образование, но има и солидни 7% магистри.

  • Брачниот статус на одговарачот на прашалникот

Висок процент на одговарачите се во брак.

  • Дали имаат деца одговарачите на прашалникот

Во однос на децата одговарачите се поделени.

  • Вработеност на на одговарачот на прашалникот

Висок процент на одговарачите се вработени.

  • Месечен приход на на одговарачот на прашалникот

38% од одговарачите имаат приходи под 10000 денари додека 26% од 10000 до 20000 денари. Токму и овие категории се најзаинтересирани за започнување на сопствен бизнис.

  • Месечен приход на домаќинство на одговарачот на прашалникот

Месечен приход на домаќинството е доста правилно распределен. Најголем процент имаат од 20000 до 30000 денари што навистина не обезбедува некоја соодветна живеачка. Висок процент од 19% имаат над 60000 денари, додека од 30000 до 40000 денари има 17% од одговарачите. Со оглед на фактот дека одговарачите имаат доста ниски приходи (и затоа нормално размислуваат за сопствен бизнис), а семејството има повисок приход претпоставка е дека другите членови на семејството имаат повисоки приходи.

  • Дали поседуваат сопствен дом одговарачите на прашалникот

76% од одговорите се од луѓе кои имаат сопствен дом, додека само 24% немаат сопствен дом.

  • Дали поседуваат и втор дом одговарачот на прашалникиот

Во овој дел е обратна состојбата. Значи профилот на потрошувачите од овој прашалник е дека имаат сосптвен дом и тоа само еден, а не два.

Видете го наредниот дел 3 за купувачко однесување

Деловите од оваа анализа можете да ги видите тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*