post

ОПШТА АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ – ДЕЛ 3 – КУПУВАЧКО ОДНЕСУВАЊЕ

Прашалникот за општа анализа на пазарот опфаќаше прашања кои имаа за цел да го определат однесувањето на потрошувачите и во комбинација со претходните прашања (профил на потрошувачи) да се дојде до однесување за секој од добиените профили од истражувањето.

Кога велиме купувачко однесување мислиме на однесување на купувачите при купување на различни типови на производи, односно каде купуваат какви типови на производи. Оваа е со цел да се утврди потенцијалот на планираниот бизнис. Производите кои ги опфати овој прашалник се:

  • Прехранбени производи
  • Текстилни производи (облека)
  • Козметички производи

Сметаме дека ова се 3-те типа на производи кои претставуваат потреба за секој. На овие три типа на производи додадовме и книги за да може да се допрецизира профилот на купувачот. Како однесување на потрошувачите во овој дел од прашалникот опфативме и денови во кои се купува (работни денови или викенд) како и периодот од денот во кој најмногу се купува.

Овој дел од рашалникот опфати 3 прашања:

  • Каде вообичаено купувате прехранбени производи?
  • Каде вообичаено купувате облека?
  • Каде вообичаено купувате козметички производи?
  • Дали купувате книги?
  • Кога најчесто купувате?
  • Во кој период од денот најчесто купувате?

Да преминеме на презентација на резултатите.

  • Прехранбени производи

Забележително е дека прехранбените производи најчесто се купуваат во супермаркети (70%) додека свое место го наоѓаат и локалните продавници заради специфичностите кои можат да ги понудат со 30%.

  • Облека

Кога станува збор за облеката забележително е големо купување во бутици со мешана текстилна стока – 74%. Ова се продавници кои држат мешани брендови на поевтини текстилни производи. 20% потрошувачите купуваат во бутици со брендирана текстилна стока која е поскапа. Но, овие 20% во приход може да бидт доста повисоки од оние 74% на продавници со мешана текстилна стока.

  • Козметика

Кога станува збор за козметиката забележителна е поголема дисперзираност на податоците. Голема борба е помеѓу специјализирани продавници со мешана стока (и скапа и евтина) со 36%, специјализирани продавници со брендирана козметичка стока (високи 34%) маркетите со 27%.

  • Купување на книги

Интересно е дека овие резултати се добиени од потрошувачи кои доста читаат и купуваат книги.

  • Денови на купување

Кога најчесто се купува? Ова е доста значајно прашање за претприемачите. Истражувањето покажа дека не е многу важно дали станува збор за работен ден – 59% или пак викенд со 41%.

  • Период од денот

Периодот од денот е важен за претприемачот за да може да го организира продажниот тим и да го определи работното време на бизнисот. Најмногу се купува од 18 до 21 часот (46%) што значи дека луѓето по завршување со работата и краток одмор дома излегуваат да си купат нешто. Како втор значаен период е 10 до 15 часот со 30% и од 15 до 18 со 22%.

Видете го наредниот дел 4 за Влијание на трети лица во одлуката за купување

Деловите од оваа анализа можете да ги видите тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*