post

Оптимизација за пребарувачи e континуирано подобрување

Ајде да се навратиме на темата за која не пишував долго време – SEO или оптимизација за пребарувачи.

На тој линк ќе ги најдете сите наслови од серијалот кој ќе ве воведе во основите на проблематиката кој иако е од 2010 година сеуште околу 90% од работите држат вода и се применливи и може да ви донесат резултати.

Ако не пишував, тоа не значи дека мојата лабораторија подесена за таа намена не работеше во овој период. Додјов до многу нови сознанија за кои ќе ми треба многу поголем простор, но и многу нестабилни сознанија затоа што во овој период се случи Panda и Pinguine и секако донесоа многу новитети во самата тематика.

Да напоменам дека овие постови како и сите други не се преведување на странските сајтови и презентирање на нешто што не го рабираме. Сакам тука и во наредните наслови да покажам некои од тие сознанија до кои доаѓам со моите анализи и практични тестирања. Знаете дека во таа виртуелна лабораторија изведувам комплексни анализи како на мојот сајт (Entrepreneurship in a box), така и на илјадници сајтови кои се на првите 10 места, некои од тие веќе ги презентирав во:

Да се навратам на насловот дека оптимизација за пребарувачи претставува континуирано подобрување.

Ќе се прашате зошто е тоа така? Нели можам еднаш да средам и да завршам со процесот? Зошто постојано да работам?

Ќе се обидам да ги одговорам овие прашања иако одговорот е едноставен на последните три – не.

Првин, пребарувачите постојано се менуваат и го подобруваат нивниот алгоритам, тоа значи дека и вашиот веб сајт треба да се прилагодува и подобрува доколку сакате да останете на врвот. На пример, за англиската верзија на претприемач следам стотици зборови и како секоја од страните се појавува на пребарувачите во однос на тие зборови. Подолу на сликата е дадено онаа што го следам во однос на “types of managerial skills” на еден пост на сајтот.

SEO позиција

Забележувате дека некаде по 16 декември за тој збор таа страна од прво место паѓа на второ место да некаде повторно се врати на прво место помеѓу 21-23 јануари оваа година. Тој податок е доста важен затоа што може да биде резултат на следниве:

  • Промени во алгоритмот на Google. Не бев сигурен дека Panda ме фати во овој циклус, затоа што токму тогаш се направија големи промени на сајтот, нова сопствена тема, поставување на повеќе сопствени видови на постови (слики, презентации, цитати…). Но, анализирајќи ги информациите за Panda знам дека 23-та промена била на 21.12.2012 што кореспондира со графикот на сликата. Но, 24-тото ажурирање на Panda согласно Google се случи на 23.01.2013. Што повотно кореспондира со враќањето на страната на првото место. Оваа се само мои претпоставки и начин на размислување во дадените ситуации, бидејќи како што напоменав токму во тој период активирав многу промени на сајтот.
  • Подобра конкуренција за тој збор. Оваа причина не можам да ја потврдам бидејќи моите анализи и сега и претходно окажуваа дека конкуренцијата е посилна во повеќе аспекти (PR, старост на доменот, дојдовни линкови…). Сепак и да е причината тоа, не е оправдување да не преземете мерки и да оставите ситуацијата да биде таква каква што е – што даде господ. Во вакви случаи повторно ќе треба да работите на SEO подобрување на конкретната страна.

Примерот е само еден, овој тренд беше забележителен во повеќе од 30 клучни фрази по кои го наоѓаат мојот сајт. Но, анализата и заклучоците беа уште потешки поради фактот што тој период фатија Божикните празници на запад, па потоа нова година. Но сепак, таквиот сигнал е доволен да ви каже дека треба нешто да преземете.

Во овој случај, јас работев на подобрување на страната кое всушност претставуваше преземање на 10-20 активности во однос на истата. Можеби и тоа е причината зошто со наредната Panda се врати страната на првобитната позиција. Што точно правев може да биде тема на некое друго излагање, тука немаме доволно простор.

Онаа што е важно да го знаете како сопственици на бизнис, кои можеби целосно се базирате на веб сајтот за да дојдете до продажба е дека овој процес е континуирано подобрување, не може да се реши со еднократно најмување на агенција која ќе направи соодветни промени и ќе се заврши процесот.

Добро, овој пост ме поттикна пишувајќи го (бидејќи чувствувам дека е мал просторов) на размислување да за оваа година додадам уште една главна тема на претприемач оптимизација за пребарувачи како надополнување на досегашната – безхартиено работење. Тоа значи да има минимално по еден пост од темата во еден месец. Не знам, ќе видиме, но ако сте за, слободно пишете во коментар.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*