post

Пасијата е само почеток, но потоа…

Да, кога станува збор за бизнис и започнување на бизнис, но и претприемништвото, пасијата е само почеток на една игра.

Едноставно сакате или имате силна желба да се вклучите токму во таа игра.

Не се знае дали ќе победите и дали можете да победите.

Не се знае дали ќе ја завршите играта.

Не се знае до кога ќе ви биде пријатно.

Не се знае дали ќе се променат правилата на играта и не се знае кој ја води играта.

Тоа е и со бизнисот. Го започнувате затоа што имате силна пасија за нешто. Имате силно лично чувство, силни емоции и силен позитивен афинитет за тоа нешто дека е вистинската работа за вас. Но, сепак не е доволно.

Забележувате дека зборувам за ВАШИ чувства, емоции и афинитети за бизнисот кој го започнувате. И тоа е добро треба да го имате во фаза на започнување бидејќи претставува единствен извор на енергија за вас како иден претприемач. Но, сепак за градење на успешен бизнис потребни се многу други работи.

Бизнисите претставуваат системи со повеќе операции базирани на набљудувани и објективни мерки. Градење на бизнис веќе станува процес кој се базира на повеќе научни методи. За да се успее, сите емоции и фантазии на еден претприемач треба да се тргнат на страна, особено кога станува збор за фидбек од страна на купувачите.

Развојот на купувачи и нивниот фидбек може навистина да биде брутален и целосно спротивставен на вашите емоции и фантазии, на вашата пасија. Но, тоа е реалноста и колку побргу го сфатите тоа, толку подобро за вас како еден иден претприемач.

Започнување на бизнис не е ништо друго освен тестирање, тестирање на вашите хипотези кои делумно се базираат на вашата пасија и фантазија. Дали се точни не знаете. Вашата работа како претприемач е да ги тестирате и проверите нивната точност.

А, што доколку не се точни? Ништо, продолжувате понатаму. Најлошо е да се разочарате и да запрете. Едноставно сменете ги хипотезите, слушајте го гласот на потенцијалниот купувач и повторно тестирајте. И така во еден спирален процес се до конечниот успех.

Може ќе ви требаат неколку месеци, но можеби и неколку години. Сепак пасијата е таа што или ќе ве одржи или оттргне од ваквите потфати. А, обликот на резултатот нема да зависи од вашата пасија.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*