post

Подобрете ги вашите финансиски перформанси во 2013

Финансиските перформанси на вашиот мал бизни се важни особено поради фактот што тие обезбедуваат стабилно работење на вашиот бизнис. Можете ли да ги подобрите финансиите во 2013? Подолу ќе бидат презентирани неколку совети кои можете да ги имплементирате во овој процес.

Колку можете да трошите оваа година? Можете ли да инвестирате во нова опрема во бизнисот? Можете ли да имплементирате важни, но скапи проекти за подобрување на вашиот бизнис? Можете ли да го зголемите тимот во вашиот бизнис?

Овие прашања и многуте други слични на овие ќе зависат од финансиската моќ на вашиот бизнис. Затоа, вие како еден претприемач, ќе треба постојано да работите на подобрување на вашите финансиски перформанси.

Да разгледаме еден едноставен, но моќен процес кој може да ви помогне во вашите напори за подобрување на финансиските перформанси.

1. Започнете со една подлабока анализа на вашата претходна година

Исто како и во било кои други напори за подобрување во вашиот мал бизнис, ќе треба да започнете со анализа на претходниот период, во овој случај минатата година.

Вашите анализи треба да бидат базирани на повеќе прашања. Некои од нив се прикажани подолу:

  • Дали минатогодишниот финансиски план е целосно имплементиран?
  • Што беше погрешно, а што претставуваше најголем успех со имплементацијата на планот?
  • Дали готовинскиот тек од минатата година е нешто што планирав да биде?
  • Што е со профитабилноста од минатата година?
  • Колкави трошоци направи мојот бизнис минатата година?
  • Дали бројките од продажбата се онакви какви што ги очекував?
  • Постои ли нешто што треба да се подобри?

2. Продолжете со анализа на тековната финансиска состојба

Кога ќе завршите со претходната година, ќе можете да започнете со тековната финансиска состојба во вашиот бизнис. Ќе ви требаат овие бројки, бидејќи сакате да примените одличен програм за подобрување.

Прашањата се исти како и во претходниот чекор, при што ќе треба да ги анализирате вашите сегашни бројки од продажба, нивниот ефект на готовинскиот тек, профитабилноста и можните финансиски потреби за во иднина на вашиот бизнис.

3. Кои се трите најважи работи кои ќе ја обликуваат оваа година според вас

Сега, можете да започнете со размислување за иднината со поконкретни предмети. Едноставно сакате да ги дознаете трендовите и различните фактори кои ќе бидат моќни во обликување на изгледот на годината.

Одговорете на следново прашање: Кои се трите најважни работи кои ќе ја обликуваат оваа година?

4. Дефинирајте ги кличните финансиски мерки

овој чекор во целиот процес едноставно бара да одговорите на следново прашање: Што е онаа што ќе го мерам во процесот на подобрување на моите финснсиски перформанси во 2013 година?

Некои поважни мерки кои би требало да ги вклучите би биле:

  • влез и излез на готовина
  • трошоци
  • повраток на инвестиции и
  • профитабилноста.

5. Однапред планирајте го вашиот готовински тек

Сега кога веќе ги имате резултатите од анализата, знате што ќе биде влијателно оваа година и што ќе треба да мерите, ќе можете да започнете со активностите на планирање на вашиот готовински тек.

Готовинскиот тек е важен дел од вашите финансиски перформанси. Секогаш ќе треба да имате позитивен готовински тек доколку сакате да продолжите со вашиот мал бизнис.

Планирајќи го готовинскиот тек ќе ве присили подетално да ги разгледате вашите идни приходи, трошоци, профитабилноста и достапната готовина за финансирање на дневните активности на бизнисот.

Воопшто не размислувајте да го скокнете овој чекор, бидејќи тука ќе дојдете до голем број на идеи за тоа како да ги подобрите финансиските перформанси во 2013.

6. Станете повеќе лин претпријатие

Лин претпријатие значи дека ќе произведувате максимални резултати со оптимално користење на вашите тековни ресурси.

Лин размислување ќе бара од вас да се обидете да ги подобрите сите аспекти на вашиот мал бизнис и на таков начин да произведете подобри производи и услуги, побрзо од останатите на пазарот со најниски можни трошоци.

7. Зголемете ги продажните бројки

Севкупните финансии ќе зависат во голем дел од продаќните бројки. Доколку сакате да ги подобрите финансиските резултати неизоставен дел за подобрување е и продажниот процес. Повеќе продажба значи повеќе приходи за вашиот бизнис. Повеќе приходи значи повисока профитабилност, секако доколку имате јасни однесување во однос на трошењето.

8. Кога веќе троште, трошете умно

Доколку трошите пари на неважни работи, не можете да очекувате дека се онаа што сте го направиле во овој процес ќе ви даде добри резултати.

Мора да бидете доволно паметни за да имплементирате оптимални механизми на трошење во вашиот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*