post

Подобрување на продажна инка на физичка локација

Продажна локација Работното место е огледало на работникот и на претприемачот. Бидејќи ние го анализираме работење на претприемачи во малите и средни претпријатија (за сега однесувањето на претприемачите во големите компании или „интрапретприемачи” не е предмет на разгледување), а за нивното работење е карактеристично тоа што се сконцентрирани на намалување на трошкоците, па еден претприемач може да изведува цел спектар на работи (од поправки, продажба, маркетинг, сметководство, менаџмент па се до чистење), тие доколку имаат вработени исто тоа го очекуваат и од нив.

Затоа и продавачите често можат да продават, чистат, уредуваат, водат сметководствени книги, прават фактури, одат до банка за уплати (доколку не е воведен систем на електронско банкарство) и ред други работи. Па, пред претприемачот и пред неговитe вработени стојат голем број на обврски на кои треба да се одговори. Колку е тој одговор поуспешен толку ќе биде поголем и профитот.

Комплетниот изглед на локалот е многу значаен за да остави добар впечаток на купувачите, за да доаѓат да купуваат како и повторно да се враќаат да купуваат од истото место. Купувачите го разгледуваат локалот како место каде можат да ги задоволат своите потреби, но локалот претставува воедно и работно место како за претприемачот така и за неговите вработени.

Бидејки пропишаното работно време е 8 часа, што значи една третина од денот, а знаеме дека претприемачот мора да работи и подолго од тоа време (за успешно да ги заврши сите обврски), грубо земено претприемачот додека се здобие со право за пензија ќе проведе околу 15 години на одредено работно место. Така да изгледот на локацијата или на работното место влијае позитивно или негативно и на купувачите (или на корисниците на одредени услуги) и на претприемачот па и на неговите вработени. Очекувано е дека работни ефекти ќе бидат поголеми доколку се работи во попријатна атмосфера.

Како прво треба да се обрне внимание на локацијата на продавницата со рекламирање на пошироко ниво (ТВ, интернет, дневен печат, билборди…). Ова претставува насочување на корисниците на услугата кон продавницата на пошироко ниво. Но, потенцијални купувачи кога ќе дојдат во близина на локацијата со стрелки или со патокази треба јасно да бидат насочени кон точна локација, за да може едноставно да се пронајде, односно да не се случи потенцијалниот купувач да се откаже во последен момент бидејќи не може да ја пронајде продавницата.

Доколку локацијата е добра и лесно воочлива поставување на патокази е едноставно. Но, сведоци сме дека сите локации не се на доволно добра местоположба или до локацијата може да се дојде од повеќе насоки па е потребно на сите можни приоди да се постават патокази за да не губат купувачите ни време, а ни трпение. Патокази можат да бидат различни, од најчесто сретнувани механички лимени табли, светлечки патокази, или пак пишување на стрелки на ѕидови и столбови…

Кога купувачот ќе дојде на посакувана локација прво со што се сретнува е излогот. Често пати тој определува дали купувачот ќе влезе или не. Излогот претставува лице на продавницата. Значи тоа треба да биде убаво, уредно, чисто, евентуално со некои светлечки или други ефекти уредено се согласно можностите и согласно креативноста и умешноста на претприемачот или неговите вработени. Но, за средување на изгледот на излогот може да се ангажираат и надворешни соработници кои се за тоа специјализирани и имаат поголемо искуство. Поради заштита од кражби на голем број на локали има поставени метални решетки. Доколку има потреба за поставување на вакви заштити, тогаш треба да се настојува да метални ролетни бидат подвижни со механизми кои се едноставни и лесни за ракување, за да може решетките да се тргнат кога е потребно и излогот да добие целосен сјај.

Бидејки секоја продавница има различна стока така да не можеме да навлеземе во комплетно уредување на продавницата (без претходно да бидеме запознаени со комплетниот асортиман). Но, препорачливо е:

  1. се да биде чисто,
  2. уредно наредено,
  3. лесно достапно
  4. лесно уочливо и
  5. да предизвикува пројавување на желба.

Препорачливо е и место на секој производ да биде во компјутер означено, заради едноставно наоѓање на рафтовите и заради контрола на залихите.

Звучните ефекти оставаат добри впечатоци, па затоа се препорачува пуштање на тивка музика, дури може да се постави и одреден видео бим или ТВ па доколку има некој интересен настан купувачите да можат да го следат тоа случување, а може да се користи и за рекламирање на некои производи или услуги што се нудат. Тоа ќе остави поволен впечаток на купувачите и тие ќе посакат повторно да се навратат на таа локација.

Локацијата, изгледот, излогот и звукот во вашата продажна просторија претставуваат доста значајни елементи од вашата продажна инка. Од друга страна ова се елементите кои значително можат да ја зголемат бизнис потенцијалната енергија. Доколку овие елементи доведуваат до пројавување на желба за влегување или пак купување Вие сте завршиле голема работа. Некогаш и не мора да вложувате големи пари во дизајнирање на овие елементи, најважна е Вашата креативност и знаење на она што го сакаат Вашите потрошувачи.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*