post

Последици од правење или неправење нешто

Вашата продуктивност се базира на вашата способност да ја процесирате секоја задача која сметате дека треба да ја спроведете трошејќи што е можно помалку време и напор од ваша страна.

Задачите кои треба да ги спроведете ќе донесат различни видови на последици за вас и вашиот мал бизнис во иднина, нормално откако ќе ги компелтирате тие задачи. Доколку не ги комплетирате, не можете да очекувате некакви последици од нив, без разлика дали станува збор за позитивни или негативни последици.

Кои би биле потенцијалните последици од правење на нешто или неправење на ништо во вашиот претприемачки живот?

Оваа прашање е важно за вас како претприемач. Зо што е важно? Еве некои причини.

  1. Кога размислувате за последици од задачите кои треба да ги спроведете вие размислувате за вашата иднина. Едноставно, кога размислувате низ призмата на последици вие се подготвувате себеси за иднина. Како еден претприемач, вие сте визионер кој секогаш треба да биде подготвен за иднината.
  2. Кога размислувате за иднината, вашите интенции се да ги определите сегашните акции. Јасен поглед во иднината ќе ви овозможи да бидете пофокусиран претприемач за вашите сегашни акции кои имаат потенцијал да ја променат иднината. Доколку знаете дека нешто ќе биде погрешно поради онаа што го правите денес, ќе го промените вашето однесување за да не се случи тоа погрешно.
  3. Ќе ги знаете задачите кои ќе донесат позитивни последици во вашиот живот, и едноставно ќе се фокусирате на нив. Кога ја знаете посакуваната конечна дестинација, ќе биде многу поедноставно за вас да ги дефинирате најважните акции кои треба да ги преземете.
  4. Ќе ги знаете задачите кои доколку не се спроведат правилно или навремено ќе ви донесат негативни последици. Онаа што е поважно е дека ќе го знаете приоритетот и важноста на онаа што ќе треба како следно да го направите со цел да ги постигнете позитивните последици од вашите чекори.
  5. Лесно ќе ги приоритизирате вашите задачи доколку знаете какви последици тие ќе ви донесат. Приоритизацијата е многу полесна доколку ги знаете последиците на вашите чекори. Најдобрите позитивни последици и задачите од кои тие потекнуваат ќе бидат од најважен приоритет на вашата „да направам” листа.
  6. Ќе бидете многу повеќе мотивиран за задачите кои ќе ви донесат позитивни последици во вашиот живот. И на крајот, вашата мотивација ќе биде многу поголема за задачите за кои знаете со сигурност дека ќе ви донесат позитивни последици за вас и вашиот бизнис во иднина.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*