post

Последна работна недела за оваа година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Денеска започнува последната работна недела од оваа 2011 година, која доследно ќе си ја испратиме. За некого успешна, за некого просечна, а за некого можеби и катастрофална година.

Во последниов месец слушаме различни претпоставки за тоа каква ќе биде 2012 година. Ќе биде ли подобра од претходната? Секоја година исто. Не би сакал да навлегувам во разни шпекулации или претпоставки и предвидувања кои ги правевме кога започнавме со овој сајт, затоа што дел од нив сеуште држат вода, со таа разлика што тогаш зборувавме за една светска криза а сега влегуваме во друга што секако влијанието нема да не помине и нас.

Во секој случај не може а да не забележиме дека некои работи се придвижија доста нанапред кога станува збор за претприемништвото. Ако споредам во однос на крајот на 2008-та година кога и започнавме со претприемач, кога се беше тихо и немо на оваа тема, кога не можеше да се најде материјал на македонски јазик, кога немаше некои предизвици и поттикнувања на претприемништвото сепак може да се каже дека е постигнат огромен напредок. Се надеваме дека и 2012 ќе продолжи со такво темпо.

Но, да не должиме многу бидејќи и така оваа недела ќе биде новогодишна недела и кај нас при што како и секоја година традиционално ќе ги објавиме најдобри, односно најзначајните или најчитаните наслови на претприемач кои едноставно ќе го надополнат страната насловена како Започни тука и ќе опфатиме некои идеи за она што планираме да го правиме во 2012 година.

Последна недела од една година. Недела кога започнува опуштањето. Недела кога живата музика по рестораните и кафаните е од утро до утро. Но, и недела која можеби претставува клучна за еден претприемач. Кај сме, што сме, како сме, како понатаму… Сето тоа се прашања кои сепак крајот на оваа недела ќе ни ги даде.

Не дека во текот на годината не се споредувале мерките, исполнувањето на целите или реализација на планираното. Туку сепак за некого во петок, а за некого во сабота ќе се затворат бројките за оваа година.

#1 Цели

Сигурно досега си размислувал за целите, но сепак не е лошо оваа недела уште еднаш да ги поминеш. Сепак од идната недела ќе започнеш со работа на нивна реализација. Ајде, да дадеме уште некои совети за крајот на оваа година во поглед на целите:

  • Доколку имаш повеќе цели провери ги и приоритизирај. Обиди се и да ги групираш во една главна или поприоритетна цел, така да дојдеш до 3 главни цели. Запомни, не повеќе туку 3 главни цели. Премногу цели те дефокусираат и постои опасност од слабо остварување на истите.
  • Провери ги уште еднаш во однос на објективноста. Дали твоите цели се нешто што може да стане реалност? Понекогаш е подобро да поставиш ниски, но остварливи наместо превисоки неостварливи цели.
  • Не заборавај да бидат SMART цели.

#2 Анализа на досегашните резултати

Овогодишните резултати се добра појдовна основа за самоподобрување на еден бизнис. Не е лошо да споредиш во една табела се она што е реализирано, а што не е реализирано. Зошто не е реализирано? Како да се подобриш да може реализацијата да биде на повисоко ниво.

#3 Подобрување

Ова е последното нешто што би опфатиле за оваа недела, сепак треба да се слави и да се остават некои работи за во јануари. Но, сакам да напоменам дека не само подобрување на твојот бизнис или самиот себеси. Цела година се насочуваме на тие прашања. Како да ја подобриш сопствената околина? Како можеш да го подобриш животот на другите околу тебе?

Секој барем мал придонес да даде во подобрување на животите на луѓето околу нас, ние ќе бидеме една од најцврстите и најсилните нации.

Па, толку за овој пост…

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*