Постојат многу прашања кои ќе треба да си ги поставите, и постојат и многу диференцијации на прашањата. Затоа, ќе треба да имплементирате стратешки и систематски приод кога станува збор за прашања и одговори во вашата компанија.
Во последните 5 години работев на истражување на различни фактори кои претставуваат извори, драјвери или сили на организациски промени. Согласно прегледот на литературата како и практично истражување во 130 мали и средни претпријатија најважните подрачја се следниве:
- Купувачи. Кој е вашиот идеален купувач? Зошто купувачите купуваат од вашите конкуренти? Зошто купувачите не купуваат од вас? Каде се вашите идеални купувачи? Што прават тие онаму каде што се? Како купувачите ги решаваат нивните проблеми? Кога можете да очекувате вашите купувачи да бидат во еуофична потреба за купување?
- Конкуренција. Кои се вашите највлијателни конкуренти? Што тие прават? Зошто го прават онаа што го прават? Како го прават онаа што го прават? Каде се тие? Кога го прават онаа што го прават?
- Човечки ресурси. Кој може да биде дел од тимот на вашиот бизнис? Каде се наоѓаат најважните потенцијални човечки ресурси за вашиот бизнис? Кога тие може да бидат достапни за да се сретнат со вас? Зошто тие би сакале да работат за вашата компанија? Како тие може да станат дел од вашиот бизнис тим? Каков е нивниот бекграунд во форма на знаење, вештини и искуство?
- Технолошки развој. Каде ќе треба да имплементирате нова технологија во вашиот бизнис? Кога ќе треба да имплементирате нова технологија во вашиот бизнис? Зошто ви треба нова технологија? Кои се најдобрите снабдувачи за специфичната нова технологија која ви треба? Кои ќе бидат бенефитите за вашиот бизнис од оваа нова технологија? Како ќе ја користите новата технологија во вашиот бизнис?
- Промени во легислативата. Каде промените во легислативата може да влијаат на вашиот бизнис? Кога овие промени ќе влијаат на работењето на вашиот бизнис? Зошто овие промени се важни за вашиот бизнис? Кој ќе биде одговорен за имплементација на овие промени? Што овие промени значат за вашиот бизнис? Како овие промени ќе влијаат на вашата компанија?
Овие прашања претставуваат само еден мал дел од можни важни прашања за вас и вашиот мал бизнис.
На пример, во технолошки развој опфатив можни прашања поврзани со потребата и имплементацијата на нова технологија во вашата компанија. Но, оваа подрачје исто така може да има прашања за влијанието на новата технологија на вашата индустрија и вашиот бизнис како дел од таа индустрија, или пак на развојот на нова технологија во вашиот бизнис. Затоа овие прашања се само стартна позиција, сигурно ќе имате и поразлични и повеќе прашања.
Онаа што е важно од презентација на овие подрачја и прашања е што треба да се фокусирате на овие пет подрачја и да поставите колку што можете повеќе прашања: каде, зошто, кога, кој, што и како.
Срцето на поставување на вистински прашања и доаѓање до вистински одговори е да се фокусирате на најважните прашања за вашиот бизнис и секако поставување на вистинските варијации на шесте вида на прашања кои ги споменав погоре.
Прашање: Кои прашања си ги поставувате себеси? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.
Speak Your Mind