post

Активности за претприемачко учење во Македонија

Претприемачко учење станува еден од најзначајните процеси на кој се става главен фокус од страна на развиените нации, што полека но сигурно станува практика и кај нас.

претприемачко учење

Во моментов во тек е изработка на стратегија за претприемачко учење во Република Македонија и дел од активностите на тимот кој работи на подготовка на стратегијата е да се анализираат сите досегашни практики и активности кои се поврзани со претприемачко учење и се имплементирани или уште се активни кога станува збор за оваа тема.

Листа на активности за претприемачко учење

Подолу се дадени сите тие активности до кои што дојде тимот за подготовка на стратегија за претприемачко учење.

  • Потпишана е Декларација за претприемачко учење од Министрите за образование и наука, и економија (јуни 2009),
  • Воведен е предметот „Бизнис и претприемништво“ како задолжителен предмет во редовната настава во гиманзиското образование (2007/2008),
  • Воведен е предметот „Претприемништво и иновации“ во I, II и III година од гимназиското образование (БРО од септември 2012)
  • Обновена е програмата за предметот „Бизнис и претприемништво“ кој се слуша во IV година во гимназиското образование (БРО септември 2012)
  • На годишно ниво се организира натпревар за најдобар бизнис план за гимназиите и уметничките училишта (од 2007 год.), во организација на Бирото за развој на образованието и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење; во 2010 година покровител на натпреварот е Претседателот на Република Македонија, а од учебната 2011-2012 година натпреварот прерасна во Национален натпревар за сите средни училишта во Република Македонија вклучувајќи ги и стручните училишта – покровител Претседателот на Владата на Република Македонија
  • Преку проекти на USAID, САД и Културконтакт, Австрија во стручните училишта формирани се виртуелни и реални компании и организирани се саеми на овие компании,
  • USAID во рамки на ПЕП проектот има компонента за претприемништво во основните и средните училишта,
  • USAID има помогнато и во формирањето на поголем број на кариерни центри во средните училишта во државата,
  • Сам свој газда, проект на Младински Совет и Vision контакт,
  • Промоција на претприемништво помеѓу младите луѓе, проект на Центар за регионален развој на југоисточен регион, Општина Струмица и GIZ,
  • Државен натпревар за претприемништво (вештини за вработување) проект на Британска канцеларија,
  • Проект за меѓугранична соработка, Проект за соработка со училишта од други земји, Leonardo Da Vinci – доживотно учење,
  • Проект на ЦИРА за социјално претприемништво,
  • Програма на активни мерки за самовработување на МТСП, АВРМ, АППРМ и УНДП (од 2007 год.)
  • Изработка на маркетинг план преку Младинската асоцијација на средните стручни училишта во Македонија (МАССУМ) – со поддршка на УСАИД,
  • Програмата Junior Achievement е активна во државата петнаесетина години, при што нуди по сопствена програма обуки за економско образование (обуките се однесуваат и за наставниот кадар и за учениците),
  • Програмата Junior Achievement неколку години наназад организира бизнис план натпревари во селектирани училишта во државата,
  • Постојат одреден број на невладини организации, фондации, проектни единици кои нудат дополнително претприемачко образование, како Бизнис старт-ап центрите во Скопје и Битола, YES инкубаторот (ПСМ фондација) во Скопје, CEED (Center for Entrepreneurship and Executive Development), МАТА, и др.,
  • АППРМ поддржува обуки на наставници и ученици и студенти; АППРМ има развиено ваучерски систем за советување кои може да го користат МСП, но пред се младите претприемачи
  • Дел од проектите (ADA – Austrian Development Agency, USAID, UNICEF и други донаторски линии), овозможуваат и обука за наставниците односно директно придонесуваат за градење на капацитетите на наставниот кадар поттикнувајќи ја модернизацијата на образовниот систем, итн.,
  • Градот Велес е прва општина која разви стратегија за претприемништво и развој на семејни и домашни бизниси (ноември 2012)
  • МоЕ поддржува бизнис инкубатори, организира Натпревар за најдобар бизнис план за студенти и дипломци (од 2012)
  • Преку проектот на SEECEL (Центар за претприемачко учење на југоисточна Европа) во 4 пилот основни училишта во државата се реализира програма за воведување на претприемачки вештини во основното образование во постоечките предмети,
  • Владата на Република Македонија од октомври 2011 интензивно на сите медиуми го промовира претприемништвото и го стимулира на тој начин претприемчкиот дух кај целата популација (кампања ОСМЕЛИ СЕ),
  • Во ноември 2011 година од страна на Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, а под покровителство на Претседателот на Република Македонија, и во присуство на Министерите за образование и наука, и за економија е формирана Националната мрежа за претприемачко образование во која членуваат професори и асистенти од универзитетите и наставен кадар кој го предава предметот бизнис и претприемништво од средните училишта во Република Македонија,
  • Веќе години наназад се организираат настани кои придонесуваат за промоција на претприемништвото и во кои се вклучени бројни стејкхолдери (фондации, министерства, банки НВО, образовни институции и др.): Европска недела на малите и средни претпријатија, Глобална неделна на претприемништвото, Старт-ап викенд, Европски ден на претприемачот, Светски ден на претприемачот, Претприемач на годината, МК бизнис лидер, патент на годината, Макинова, итн.
  • GEM – Global Entrepreneurship Monitor се спроведува во Македонија за 2008, 2010, 2012 и 2013 година од Центар за развој на нови бизниси од Скопје и Македонска развојна фондација за претпријатија. Податоците од GEM можат да бидат користени за мониторирање и прогрес на имплементацијата на стратегијата за претприемачко учење.
  • Во 2009 година усвоена е стратегијата за индустриска политика на РМ во која има цела компонента за зајкнување на претприемништвото,
  • Во ноември 2012 година усвоена е Националната иновациска стратегија. Се очекува законот за иновациска дејност и фондот за иновации сериозно да ја зајакнат иновативната дејност и поддршката на на бизнис секторот и високото образование за комерцијализација на нови производи и услуги и за креирање на спин-аути.

Дополнителни прашања на кои треба да се одговори?

  • На кои универзитети / факултети се предава претприемништво?
  • Какви се проекти поврзани со претприемачко учење се одвиваат во моментот?
  • Кои институции се вклучени во претприемачко учење?

Прашање: Дали имате информации за некои други активности/проекти поврзани со претприемачко учење во Република Македониа кои би ги споделиле? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Lidija says

    Почитувани,

    Во врска со активностите што се превземени немам дополнување, но имам забелешка (сигурно е направена грешка) за ,,Воведување на предметот претприемништво и иновации во гимназиското образование во I,II и III год. воведена во 2012/13 г. треба да е: Иновации и претприемништво како проектна активност во истите години.

    Во прилог за визија на претприемништвото во Македонија –
    Претприемништвото- процес на создавање на претприемачи како важен фактор за развој на економијата, бидејќи тие создаваат нови бизниси, нови производи, нови методи на производство и дистрибуција и менување на економијата од ориентирана кон нудење во ориентирана кон побарување

Speak Your Mind

*