Секоја акција има одредена последица, но и акцијата е преземена заради нешто и претставува последица на нешто. Тоа нешто се исполнување на зацртаните цели.
Вообичаено поставуваме цел дека сакаме да постигнеме нешто. За да постигнеме нешто треба да преземеме нешто во вид на акција.
Како целите да ги трансферирате во акции кои по имплементација ќе доведат до остварување на целите?
1. Секогаш имајте SMART цели
Не поставувјате цели во вид на “да заработам пари”, “да бидам среќен”, да уживам”… Таквите цели не значат ништо за вас како претприемач.
Целите треба да бидат SMART цели, односно да бидат:
- Специфични (Specific)
- Мерливи (Measurable)
- Остварливи (Achievable)
- Реалистични (Realistic)
- Временски ограничени (Time-Limited)
Мора да се запрашате што значи да се заработат пари? Што значи да се биде среќен за вас? Што значи уживање за вас?
2. Од целите кои се SMART извлечете ги роковите
Врз основа на тие цели ќе мора да развиете месечни, полугодишни и годишни планови.
Бидејќи вашите цели се временски ограничени (SMART) лесно ќе ги знаете и роковите за постигнување на определена цел. На пример, доколку целта ви е заработка на 2.000.000 денари од продажба на масло за моторни возила во првиот квартал од 2013, тогаш ќе знаете дека рокот за реализација на целта е 31.03.2013 година. Едноставно вие планирате да заработите 2.000.000 денари од продажба на моторно масло до 31.03.2013 година.
3. Тие планови расчленете ги на акции кои ќе треба да ги спроведете
Сега кога веќе целта е преточена во план со рок, вашата задача е да ги вметнете сите активности потребни за реализација на таа цел.
На пример:
- Цел: Заработка на 2.000.000 денари од продажба на моторно масло во првиот квартал од 2013
- План: До 31.03.2013 година да се продаде мототно масло кое ќе донесе профит од 2.000.000 денари
- Активност 1: Да се контактираат сите малопродажни бизниси
- Активност 2: Да се подготви план за промоција
- Активност 3: Да се имплементира промоцијата
- Активност 4: Да се прошириме на големопродажни бизниси
- Активност 5: Следење на резултати од продажбата
Speak Your Mind