Ова е вистинита случка со еден претприемач и една негова продавачка. Се работи за стартап бизнис во кој претходните 4 месеци работи самиот претприемач. По четири месеци како што полека се зголемува работата претприемачот одлучува да вработи една продавачка на половина работно време од 4 часа. Добива препорака од еден добар пријател за едно девојче. Договорот е на фиксна и варијабилна плата (како процент од продажба). Продавачката е студент и и треба некој џепарец. И се е ОК. Претприемачот се разлабавува во поглед на продажба со цел да се насочи на маркетинг, соодветни набавки и анализа за тоа што треба да се набавува повеќе. Поминува една недела, продавачката не знае да фати метла. Поминува втора недела, продавачката не знае да избрише прашина. Поминува трета недела, продавачката од 4 часа работно време 3,5 ги поминува во дуќан од спротивната срана на улицата на кафе муабет. Додека да претрчи потенцијалните купувачи си одат. Поминува пета недела, претприемачот забележува дека продавачката воопшто не знае со кои производи располага малопродажниот бјект. Поминува шеста недела, претприемачот забележува дека продавачката не знае да продава (не знае да процени кој за што влегува, каков производ прво да онуди поскап или поевтин итн.) Поминува и седма недела претприемачот и дава дополнтелна задача за парите што ги зима како плата во вид на подготовка на неделни блтени итн. Поминува и осма недела, ништо, продажба стои во место 0 или празно множество, а бизнисот прави загуба во висина на платата што ја исплаќа. Поминува и девета недела и пак ништо. Претприемачот се обидува со раговори, обуки, но незаинтересираноста продолжува. Поминува 10 недела, претприемачот воведува таргети во продажба и ја намалува платата во износ на процент на неостварени таргети. Но, повторно ништо, незаинтересираност и незаинтересираност. Поминуваат 4 месеци, на продавачката и е даден одмор. Сите викаат браво. Но, загубите се трупаат и трупаат се додека на по петиот месец претприемачот и продавачката не се разделија.
Што е онаа што треба да се извлече како поука:
- Внимавајте кога вработувате, изберете го најдобриот.
- Студент може да ве превари. Не значи дека ако студира дека тогаш е доволно интелигентен. Продажбата бара интелигентни луѓе.
- Од секое дрвце свирче не бидува. Не губете време на обука и разговори. Не го очеувајте невозможното. Доколку во овој случај е реагирано по првиот месец би се уштеделе загубите од наредните неколку месеци.
- Бизнисот емоции не познава, туку добивки и загуби. Немојте да сте емотивен и емотивно да се врзувате со вработени. Ако не ги бидува не ги бидува и тоа е крај.
Speak Your Mind