post

Продадовте ли нешто денеска?

Продажба Ти имаш бизнис бидејќи продаваш нешто на твоите потрошувачи. Продаваш производи и услуги кои решаваат одреден проблем на твоите потрошувачи. Продаваш и повеќе од твоите производи и услуги, или се она што е во твојата севкупна понуда.

Како и да е, едно важно прашање кое ти како претприемач мора да си го поставуваш и одговараш секојдневно е: Дали продадов нешто денес?

Каков е твојот одговор на оваа прашање?

Доколку твојот одговор е да, тогаш продолжи со следниве прашања:

  • Што усепав да продадам денес?
  • Зошто успеав да го продадам токму тој производ или услуга, а не нешто друго?
  • Каков вид на проблеми решава производот или услугата кои ги продадов денес?
  • Што можам да научам од купувачите кои купија денес нешто од мене?
  • Што имам направено во минатото за да ми ги донесе овие потрошувачи денес?
  • Што имам направено во минатото што не ми донело потрошувачи денес?
  • Како можам да ги подобрам моите активности за да донесам потрошувачи во мојата компанија кои ќе ги купуваат моите производи и услуги?
  • Како можам да ги подобрам моите производи и услуги?
  • Како можам да ја подобрам мојата севкупна понуда?
  • Како можам да ја зголемам мојата продажба утре за Х%?
Ова се важни прашања чии одговори ќе ве водат во еден процес на континуирано подобрување на твојата продажна функција и севкупниот бизнис.

Доколку твојот одговор на прашањето од насловот на овој пост е не, тогаш мора да се запрашаш и да ги одговориш следниве прашања:

  • Зошто не продадов ништо денес?
  • Што направив вчера а има импликации врз мојата продажба денес?
  • Што морам да превземам доколку сакам да започнам со продажба?
  • Направив ли нешто во минатото што би ми донело потрошувачи за мојот бизнис?
  • Што е она што сум го направил во минатото, а очигледно не дава резултати?

Твојот бизнис и твојата претприемничка кариера е да поставуваш прашања и да ги одговараш истите. Но, не смееш да заборавиш да се подобриш себеси и твојот бизнис врз основа на стекнатото знаење од одговорените прашања.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*