Ученик без единица е исто како и војник без пушка!
Претприемач без загубена продажба е исто како и војник без пушка!
Точно така, не може да постои претприемач кој не ја загубил битката за победа во продажбата. Место за очајување не постои, животот продолжува понатаму, и бизнисот продолжува да опстојува понтаму. „нема шта би било кад би било“. Не биднало. Но, може да се извлече наравоучение, може да се извлече поука и може да се излезе како посилен за идните продажби бидејќи подобрувањето е последица на грешки.
Како да научиме од загубена продажба и што да правиме по една таква „катастрофа“?
Едноставно по една таква случка поставете и одговорете си ги следниве прашања:
- Дали мојата понуда ги решава проблемите на тој потенцијален потрошувач?
- Дали ја понудив вистинската вредност на тој потенцијален потрошувач?
- Му ги објаснив ли целосно вредностите и корисностите кои би ги добил со нашиот бизнис?
- Ги разбрал ли нашите вредности?
- Зошто неговата одлука е да нема бизнис со мојот бизнис? Како можеме да го дознаеме тоа?
- Кои техники се обидовме да ги примениме?
- Зошто кај тој потенцијален купувач тие техники не дадоа резултати?
- Од каде дојде тој потенцијален купувач до нашата продажна инка?
- Дали погрешно е сватен од негова страна нашиот процес за генерирање на потенцијални купувачи?
- Какви се демографските карактеристики на тој потенцијален купувач?
- Сме имале ли слични промашувања со други потенцијални купувачи со слични демографски карактеристики?
- Имаше ли нешто во текот на продажниот процес за што се согласуваше со нас, или нешто што можеби му оставило впечаток?
- Можеме ли нешто да подобриме во продажниот процес, вредноста, потребите на тие сегменти?
- Што ќе правиме понатаму со тој потенцијален потрошувач?
- Можеме ли да направиме план со подобрен продажен процес да се обидеме да го разубедиме во сегашната одлука?
- Колку време би требало да помине за да го повториме подобрениот процес?
Одговори ги прашањата и ќе започнат да струјат идеите низ твојот мозок. Секој одговор, секоја идеја и секоја постапка која ќе следува само ќе го подобри твојот бизнис.
Speak Your Mind