post

РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ПРОФЕСИОНАЛЦИ И АМАТЕРИ

Која е разликата помеѓу професионалците и аматерите? Прво што ќе ви падне на памет е знаењето, интелигенцијата, талентот… Но тоа не е точно. Постојат многу аматери кои се и талентирани и полни со знаење и интелигентни. Од друга страна и секој професионалец морал да помине низ процесот на аматеризам. Значи една од разликите е што професионалецот бил веќе аматер додека аматерот сеуште не постанал професионалец. Може да се каже и дека некои аматери засекогаш ќе останат аматери, додека професионалците тешко дека ќе се вратат во аматеризам.

Друга разлика е во постојаноста. Професионалците постојат и утре, задутре, иден месец, идна година, идна деценија. Додека аматерите постојат денес и оние кои нема да станат професионалци нема воопшто да постојат ни како аматери. Значи постојаноста е основа за преминување од аматеризам во професионализам.

Каква врска има ова со бизнисите? Секој бизнис на својот почеток е аматерски бизнис. Ова се однесува на бизнисите кои не се франшизи. Со франшиза се купува и професионалноста на некој бизнис. Значи секој нов бизнис мора да има за цел да стане професионален. А, како ќе стане професионален? Професионален бизнис станува оној бизнис кога ќе стане постојан бизнис. Ова значи дека професионални бизниси биднуваат тогаш кога:

  • Ќе се стабилизираат финансиите
  • Ќе се обезбеди постојан кадар
  • Ќе се обезбеди соодветен план за развој
  • Ќе има стратегии за иднината
  • Ќе биде тука и утре, и идната недела и идната година и идната деценија за потрошувачите.

Овој трансфер од аматеризам во професионализам не е лесен. Но, како да се обезбеди побрз трансфер во професионализам. Бизнис план за стартап бизнисите е она што може да го обезбеди овој толку осакуван брз трансфер. Бизнис планот ќе ви го трасира патот од аматер до професионалец и доколку го следите сигурно ќе стигнете таму. Но, и тука е потребна постојаност, односно трпеливост во следење на чекорите предвидени во планот. Затоа внимавајте при изработка на бизнис планот. Се нека биде аматерски, но не и бизнис планот, тој е оној кој ќе ве одведе во професионалците и во бизнис кој ќе постои и утре, задутре, иден месец, идна година, идна деценија.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*